Младенци од Скопје останале во шок откако ја отвориле кутијата со подарок

Празни пликови и кутии на свадби и други свечености, последниве неколку години е честа пракса на Македонците.

Ана и Сашко од Скопје ни го раскажа нивното искуство со оваа појава кое го доживеле на својата свадба.

По нивната свеченост малдениците седнале и почнале да ги отвараат пликовите и подароците.

 -Си рековме ајде прво да ги видиме подароците. Ја земавме најголемата кутија која беше преубаво спакувана.Пополека ја отворивме и следеше шок, наместо подарок во кутијата имаше ставено 5 кеси со шеќер.Се погледнавме со Сашко зачудено.Побаравме да видиме случајно да не има картичка на кое е запишано името, но нажалост подарокот беше без потпис, раскажува Ана.

Продложивме да ги отвараме ковертите, и налетавме на две празни во едното од нив имаше парче весник во големина на книжна пара како подарок. И овие пликоа беа без потпис.

 - Јас разбирам дека некој нема пари, но тоа е ароганција. Невозможно е да дознаеш од 200 гости кој би можел вакво нешто да направи. Обично ковертите се ставаат во кутијата за малденците и никако не можеш да откриеш кој е тој кој се осмелил да дојде на свадба со празно плико, раскажува Сашко.

Младенците од Скопје од вкупно 200 гости добиле 150 пликоа и 50 подароци.

- Криза е навистина, но подобро е да се извиниш и да ги известиш младенците дека нема да присуствуваш на свадбата зашто не си во можност да си дозволиш било каков подарок.Оние кои ве канат нема да се налутат ако искрено им кажете дека немате пари.А, празното плико, или кутија полна со шеќер е само доказ за непочитување и некултура, вели Ана.