Млада жена се обиде да изврши самоубиство

Млада 32- годишна жена вчера околу 18 часот се обидела да се самоубие со скокање од железничкиот надвозник на булевар „Трета Македонска Бригада” во близина на старата амбуланта Пролет.

Веднаш потоа била повикана Итна медицинска помош и жената била однесена во Ургентниот центар во „Мајка Тереза“ каде ќе биде задржана на дополнителни прегледи и опсервација. Информацијата за обидот за самоубиство ја потврдуваат од МВР.

Жената со тешки телесни повреди и со скршеници на нозете е пренесена во клиничкиот центар.