Млада девојка пронајдена мртва во Скопје Сити Мол

Млада девојка на возраст од околу 25-30 години вчера била пронајдена мртва во тоалетот на Скопје Сити Мол.

Очевидци говорат дека екипите на МВР и крим техника веднаш излегле на терен.

По налог на обвинител, телото е предадено на обдукција, а официјалните причини за смртта ќе бидат познати деновиве.

Од МВР го потврдуваат случајот, но не откриваат подетални информации.

Се очекуваат повеќе информации во текот на денот.