Млад скопјанец прегазен кај Глумово, возачот побегнал

Во 8 часот и 40 минути од Градската општа болница “8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив бил донесен 36-годишниот Р.М. од Скопје,  кој бил повреден во сообраќајна незгода што се случила на регионалниот пат Скопје–Тетово во близина на село Глумово.

Во извршен разговор со Р.М. оштетениот пријавил дека истиот ден околу 06 часот и 10 минути на наведената локација движејќи се како пешак бил удрен од возило, кое веднаш  го напуштило местото на настанот.

По незгодата Р.М. со друго возило бил пренесен во болница за укажување на лекарска помош и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на целосно расчистување на случајот.