Млад скопјанец почина при сеча на дрва

Во Полициската станица Ресен вчера во 15,40 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во село Брајчино, при сеча на дрва едно дрво го удрило во пределот на главата И.С. (27) од Скопје.

Од страна на лекар констатирана била смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.