МКФ ќе организира камп за млади кошаркари кој ќе се одржи во Маврово

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и оваа година ќе организира камп за млади кошаркари кој ќе се одржи во Маврово во периодот од 25 до 30 јуни.

На овој камп, ќе бидат присутни 60 селектирани млади кошаркари кои се дел од репрезентациите до 14 односно до 15 години, односно родени 2003 и 2002 година, а кои во текот на годината се дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до М-16“.

За помладите кошаркари (родени 2003-година), ова ќе биде и дел од селективните тренинзи, преку кој селекторот Денис Дервишевиќ ќе треба да го „филтрира“ списокот на играчи кои ќе продолжат со подготовки за настап на неофицијалното ЕП за играчи на оваа годишна возраст односно турнирот „Словенија Бол“.

И оваа година, координатор на кампот ќе биде американскиот тренер Крис Дајл кој ќе биде придружуван од двајца свои соработници.

Комплетната опрема за кошаркарите и за тренерите ќе биде обезбедена од страна на МКФ.