МКЦ распиша повик за учество на „Бела ноќ“

Младонскиот културен центар (МКЦ) и Град Скопје распишаа повик за учество на уметници што на есен ќе бидат дел од омилениот културен настан „Бела ноќ 2017“ кој ќе се одржи на седми октомври 2017.

Годинава, како и секоја „Бела ноќ“, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видео арт, стрип) како и применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видео арт и инсталации), музика, филм и јавна уметност и урбани изведби и перформанси.

Селекцијата на уметниците ќе биде направена од страна на организаторите. Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации. Квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Додатно, дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со било кои инструменти или техники.

Со цел да земат учество на повикот, уметниците треба да ги поднесат следниве документи:

– биографија со личните податоци за уметникот или групата

– фотографии, скици и цртежи

– промотивни материјали (доколку ги има): каталог, брошура, рецензии, осврти…

– пополнета и потпишана апликација (во продолжение)

Апликациските форми (може да се најдат на официјалната интернет страницаwww.belanok.mk) заедно со дополнителните документи треба да бидат испратени најдоцна до 1 мај 2017 година, на следниве адреси:

Младински културен центар, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2017),

Кеј Димитар Влахов 15. 1000 Скопје, Македонија или по пат на електронска пошта на contact@belanok.mk