Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески вечер премиерно ќе биде изведен во Македонската опера и балет. Проектот е дел од Годишната програма на Министерството за култура и копродукција со фондацијата „Тоше Проески“ во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда по повод 10 години од неговата прерана смрт.

Иако работата им е непредвидлива, честопати на работ на ризик и опасност, жените во елитни униформи застануваат рамо до рамо со мажите и во најтешките полициски акции на Единицата за брзо распоредување во касарната во Ѓорче Петров.

„Тајно моја“ е љубовна приказна за двајца млади чија љубов пламнува за миг, но нивните разлики ќе ја доведат во прашање… Македонските „Ромео и Јулија“ се сместени во периодот на транзиција, на почетокот на 21-от век, кога љубовта ги милува и освојува сите срца преку нотите и стиховите на Тоше Проески. Двата чина на мјузиклот „Тајно моја“ ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали љубовта и музиката можат да го спасат светот, како и на прашањата поврзани со другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата да се успее, стравот, надежта и љубовта.

Мјузиклот е базиран на голем број музички хитови на Тоше Проески, како Тајно моја, Немаш ни благодарам, Игри без граници, Полско цвеќе, Усни на усни, Сонце во твоите руси куси, The Hardest Thing …

Режисер е Тони Михајловски, а главните улоги ќе ги толкуваат Антонија Гиговска и Денис Димоски.

Во мјузиклот учествува целиот ансамбл, оркестарот, хорот и балетот при МОБ и детскиот хор „Фалесто“. Дел од актерската екипа се Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Арна Шијак и Дејан Лилиќ. Либретист е нашиот текстописец и драматург Огнен Неделковски, а автори на новите аранжмани на песните на Тоше се композиторите Кокан Димушевски и Сони Петровски.

Кореограф на мјузиклот е Олга Панго, сценограф Марија Ветероска, а костимограф Марија Пупучевска.

Како што е објавено на репертоарот на МОБ, првата реприза е на 26 март, а втората на 28 март.