Митевски: Изградба на културен дом во Петровец, изградба на мост на Пчиња, асфалтирање и поплочување улици во сите места

За секој човек голема е мотивацијата кога неговите дела ќе останат, ќе живеат меѓу народот и ќе помогнат да се подобри квалитетот на нивното живеење.

Свесен сум за одговорноста што ја имам пред сите вас и во ниту еден момент не се поколебав и не почувствував недостаток на енергија затоа што во текот на изминатите години, општина Петровец од рурално место полека но сигурно се претвори во посакувана локација за живеење и за инвестирање, истакна кандидатот за градоначалник на општина Петровец од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Митевски.

-Знаејќи ги проблемите со кој се соочуваат моите сограѓани во мојата нова програма се понудени и токму и решенија за тие проблеми. Ќе спомнам само дел од најкрупните проекти кој ќе бидат реализирани во наредниот период: Изградба на пешачка патека од Петровец  до излезот на Ржаничино, Изградба на културен дом во населеното место Петровец. Изградба на мост на реката Пчиња во Долно Коњари, асфалтирање и поплочување на локални улици во сите населени места, Изработка на нов урбанистички план за домување со повеќе од 120 локации во населено место Петровец, Завршување со изградба на комуналната инфраструктура во сите населени места, рече Митевски.

Сите мои ветувања до сега беа реализирани, нагласи тој, а реализиравме и големи проекти кои не беа ветени во мојата претходна изборна програма.

-Во мојата нова програма ви ветувам со транспаретна и напорна работа како до сега така и во иднина заедно со сите вас ќе ги реализирани сите проекти, а со една единствена цел да ги подобриме условите за живеење на сите граѓани во нашата општина, рече Митевски.