Мистерија која трае со векови

Масоните се една од најтаинствените и најконтроверзните религиозни групи во светот. Постојат со векови, а ако веруваме на нивните тврдења, во тајност постоеле уште многу одамна.

Каква и да била нивната историја, шпекулирањета за тоа секогаш биле забавна разонода, а посебно кога се работи за најскандалозните тајни на масоните.

Пренесувањето на традициите и тајните од генерација на генерација го отежнува знаењето за тоа кои пракси престанале, а што се уште се практикува.

Овие десет масонски активности можеме да ги сметаме само привремени факти, но секогаш е интересно да се размислува за тоа што може да се случува зад нашиот грб, пишува Net.hr.

10. Нема вистинито да сведочат едни против други
На масоните им е наредено да не сведочат вистинито кога се суди на друг масон. Признаваат дека тоа е кривоклетство, но за нив далеку поголем грев е да издадат некој од своите.

9. Таинствено ракување
Иако некои масонски членови тоа не го признаваат во јавноста, тие имаат барем еден вид таинствено ракување. Наводно постојат и одредени реченици кои масон може да ги изговори кога се соочува со голема опасност, која ќе ги поттикне останатите членови да му помогнат. Основачот на мормонизмот Џозеф Смит наводно изговорил една таква реченица во моменти непосредно пред смртта.

8. Имаат повеќе тајни лозинки
Тоа е еден од најпознатите факти за масоните, но општ став е дека тие имаат само една тајна лозинка. Всушност имаат неколку, за различни пригоди и причини. Додека едно лице е убиено поради таинствениот збор „mor-bon-zi”, малку луѓе знаеле што тоа всушност значи. Тој таинствен збор се користел само за обреди. „Tu-bal-cain” е почеста тајна лозинка која ја знае секој масон.

7. Нивните ритуали вклучуваат јамки за бесење
Ритуалите за иницијација кои масоните ги опишуваат како прекрасни, вклучуваат јамки за бесење. Тешко е да се каже дали се работи за закана, повик на молк или тоа едноставно е симбол на папочна врвка, како што тврдат тие, но во секој случај вреди да се спомне.

6. Опседнати се со сонцето
Масоните веруваат дека истокот го симболизира повторното раѓање. Пејат на сонцето со воодушевеност на неговото поминување низ небото. Масонските ложи тежнеат кон изградба на исток и запад, како обид за контрола на соларната моќ за сопствените потреби.

5. Масоните не ги вклучуваат атеистите
Не може да станете масон ако сте атеист. Првиот услов за потенцијалните членови е тој да мора да веруваат во некој вид на виша сила. Тврдат дека не им е важно каква е тоа сила, но мора да ја дефинирате за себе. Можете и да лажете за тоа, но религијата на нив им е многу важна. Од друга страна, традиционално исклучените групи како хомосексуалците, вклучени се во масоните се додека ги почитуваат истите морални правила како другите членови. И понатаму ги исклучуваат жените, но некои групи моментално и тоа правило го преиспитуваат.

4. Работат на контрола на политиката и финансиите во различни држави
Корумпираноста на масоните е добро документирана, но често прикриена. Половина милион масони во Англија се вклучени во банкарството, политиката и власта. Често ги контролираат дури и болниците и универзитетите.

3. Нивниот симбол се наоѓа на банкнотата на американскиот долар
Ако некогаш од блиску сте погледнале банкнота на американски долар, веројатно сте забележале око над пирамида. Тоа е масонски симбол кој значи „нов светски поредок”. Многумина велат дека самите масони не влијаеле на тоа нивниот симбол да се појави на парите, туку тоа е случајност.

2. Андерс Брејвик бил масон
Брејвик, одговорен за масовното убиство во Норвешка во 2011 година, бил член на масонската ложа во Свети Олаф во Осло. Брзо бил исфрлен, но за неговата вклученост во таа организација се уште се расправа.

1. Имале клучна улога во истражувањето на вселената
Некои велат дека масоните имаат план за преземање на светот, но се чини дека на некои масони и тоа не им е доволно па планираат да одат на Месечината. Астронаутите во програмата Аполо, вклучувајќи го и Бас Алдрин, биле масони.

Некои од овие необични и скандалозни тајни на масоните очигледно се само урбани легенди и треба да се земат со резерва, но се чини дека некои сепак содржат добар дел вистина. Едно е сигурно – масоните не се само застарен култ. Се уште имаат голем број активни членови кои работат за да достигнат некоја цел, иако се уште не можеме да се согласиме околу тоа за што точно се работи.