Мисли кои ќе ја поттикнат моќта и самодовербата во вашата душа

Овие внимателно избрани зборови се обвиткани со голема мудрост и голем дел од нив се некои од најмоќните и најмудрите зборови кои некогаш се напишани. Еве некои од најдобрите мисли кои имаат моќ да го променат вашиот живот.

„Успехот значи да одиш од неуспех до неуспех без да го изгубиш ентузијазмот.“ – Винстон Черчил

„Кога една врата на среќата се отвора, друга се отвора. Но, ние често толку долго гледаме во онаа којашто се затворила што не ја гледаме отворената врата.“ – Хелен Келер

„Секој човек е гениј. Но, ако ја оценувате рибата по нејзината способност да се качи на дрво, таа цел живот ќе верува дека е глупава.“ – Алберт Ајнштајн

„Нашата најголема слабост лежи во откажувањето. Најсигурниот начин да успеете е секогаш да се обидете барем уште еднаш.“ – Томас А. Едисон

„Животот никогаш не е неподнослив поради околностите, туку поради недостатокот на значење и смисла.“ – Виктор Франкл

„Животот не е во тоа да се најдеш себеси. Животот е во тоа да се создадеш себеси.“ – Џорџ Бернард Шо

„Биди промената којашто сакаш да ја видиш во светот.“ – Махатма Ганди

„Тој што се плаши дека ќе страда, веќе страда затоа што се плаши.“ – Мишел де Монтањ

„Животот навистина е едноставен, но тие инсистираме да го правиме комплициран.“ – Конфучие

„Ниту еден човек не стапнува двапати во истата река, затоа што тоа повеќе не е истата река, ниту пак тој е истиот човек.“ – Хераклит

„Вистинскиот успех е во тоа да го надминеш стравот дека ќе бидеш неуспешен.“ – Пол Свини

„Она што го знаеме е капка, она што не го знаеме е океан.“ – Исак Њутн

„Многу луѓе се страствени, но поради своите ограничени верувања за тоа кои се тие и што можат да направат, тие никогаш не преземаат дејства за да ги претворат тие соништа во реалност.“ – Ентони Робинс

„Ако не ти се допаѓа нешто, промени го. Ако не можеш да го промениш, промени го начинот на кој размислуваш за тоа.“ – Мери Енгелбрејт

„Човек може да избере да се врати назад кон сигурноста или да оди напред кон развој. Развојот секогаш одново и одново треба да биде избран. Стравот одново и одново мора да биде надминуван.“ – Абрахам Маслоу

„Најубавите луѓе кои ги познаваме се оние коишто знаат за пораз, страдање, борба, загуба и луѓе кои го пронашле својот пат од длабочините. Овие луѓе имаат почит, чувствителност и разбирање за животот кои ги полнат со сочувство, нежност и длабока грижа полна со љубов. Убавите луѓе не се случуваат туку-така.“  -Елизабет Кублер – Рос

„Пред да се дијагностицирате себеси со депресија или ниска самодоверба, прво проверете случајно да не сте опколени со идиоти.“ – Зигмунд Фројд