Граѓаните на Ѓорче Петров заслужуваат да живеат во модерна и убава општина во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби, истакна Владо Мисајловски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров.

-Имаме јасна и прецизна визија, знаеме и можеме да го подобриме животот во Ѓорче Петров. Нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достинство за секој еден жител на Ѓорче. Јас и мојот тим силно ќе се залагаме за да обезбедиме подобар живот за нашите сограѓани преку изградба на квалитетна инфраструктура, подобро образование, заштита на животната средина, преку развој на спортскиот дух и урбанизација на општината. Тоа што го ветуваме, ќе си стоиме на зборот и ќе го исполниме, истакна Мисајловски.

Тој објави мал дел на проекти од неговата програма:

-Ќе започнеме проект за асфалтирање на преку 100 улици низ сите населени места во општината. Ќе се трудиме да нема неасфалтирана улица во Ѓорче Петров.

-За да ја зголемиме безбедноста и да овозможиме подобар сообраќај, во соработка со Градот ќе изградиме нов кружен ток на улиците Ѓорче Петров и Македонска војска

-Приоритет ни е граѓаните да добијат и квалитетна вода за пиење. За таа цел го поодбриме водоснабдувањето во урбаниот дел на општината.

-Претходно ја започнавме изградбата на канализацијата во Волково, Стопански двор и Кисела Јабука, ветуваме дека ќе ја завршиме.

-Поставување на ново и ќе го реконструираме постоечкото осветлување на целата територија на општината, ова ќе биде една од главните приорите.

-Изградба на нови паркинг места околу зградите, како и реконструкција и осветлување на сегашните паркинзи.

-Заради потребата од згрижување на децата од пред школска возраст ќе изградиме две нови градинки во Волково и Ново Село. Исто така ќе ги зголемиме капацитетите на градинките во Мирче Ацев, Хром и Ѓорче Петров со цел сите дечиња да бидат згрижени и никој повеќе да не чека.

-Во дворните места на училиштата „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и „Страшо Пинџур“ ќе изградиме нови спортски и рекреативни содржини и преубави катчиња за сите жители.

-На местото на сегашниот реонски парк во Ѓорче Петров, ќе се изгради нов модерен парк со многу нови содржини.

-Во секое маало во Ѓорче Петров, Хром, Мирче Ацев, Дексион, Даме Груев, Ново Село, Стопански двор, Кисела Јабука, Волково, Орман ќе се изградат паркови за рекреација за сите жители, од најмалите па до возрасните.

-Во програмата предвидуваме во сите населени места да се изградат детски игралишта како и игралишта за баскет.

-Фудбалот е препознатлив во Ѓорче Петров, поради тоа финансиски ќе го поддржиме фудбалскиот клуб „Ѓорче Петров“, но и сите останати спортски клубови, не само фудбалскиот клуб „Ѓорче Петров”, сите спотски клубови на територијата на Ѓорче Петров.

-Населбата Хром ќе ја поврземе со населбата Нерези со рекреативна патека со што ќе ја збогатиме понуда за рекреирање на жителите со уште едно препознатливо место.

-Согласно потребите на граѓаните ќе изработиме нови детални урбанистички планови за цела територија на општина Ѓорче Петров.

-Еден од проектите е и реконструкција на сите објекти на урбаните и местните заедници.

-И на крај само од дел на овие проекти, многу е важен и  проект е комплетно завршување на процесот на легализација на сите дивоградби во општината.

Мисајловски потенцира дека пред сограѓаните нуди програмата која е реална, остварлива и базирана исклучиво на потребите и барањата на жителите на Ѓорче Петров.

-Нудиме просперитет, нудиме сигурност и можност општина Ѓорче Петров заеднички да ја направиме модерна и современа општина во која ќе понудиме најубаво место за живеење во градот Скопје па и во Македонија, заклучи Мисајловски.