Мисајловски: Ѓорче Петров ќе ја направам најубава општина во Скопје

Денеска гостин во Алфаскоп на Алфа телевизија, беше кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Тој кажа дека во новата ера на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорче Петров ќе биде најдобата општина во Скопје.

-Тоа ќе го видите сите, вака многу луге ќе речат тоа е многу амбициозно, да амбициозен сум јас, така настапував и додека бев министер. Многу луге ми велеа не ги започнувај некои проекти бидејќи не можете да ги завршите, не само што ги започнав, туку многу нови кои што не беа ветени ги правевме. Пред некој ден баш ми пратија слика се прави патот во Македонски Брод, ми се наполни срцето, бидејќи таму кога бевме го побараа граѓаните, во ниедна програма не беше влезен и видов дека се асфалтира, ги поздравувам сите граѓани кои што ќе го користат патот, бидејќи се она што го правевме во министерството, во целата Влада, може да го видите, се гледа со око. Тоа што сте го сработеле со мерак го гледате се гордеете, изјави Мисајловски.

Тој кажа иако можеби многу често не излегува со некои политички изјави, меѓутоа така ќе продолжи, напомена дека многу работи, нешто што не може да се демантира.

-Додека бев јас министер морав цело време да ги следам проектите и да правам нови и нови, сега веќе скоро четири месеци немаме ниту еден капитален проект во инфраструктурата, немате нов. Еве кажете кој е новиот проект, они ветуваа и 500 километри автопат, од тоа нема ништо да биде, туку нема никаков капитален проект, не смее така. Јас тоа што го ветувам овде во програмата јас тоа ќе го работам секојдневно, ќе го исполнам и тоа ќе го видат граѓаните, изјави Мисајловски.

Мисајловски напомена после сите случки кој се случија во кампањата во изминативе денови, дека не е сигурен дали ќе имаме фер и демократски избори и кажа дека ќе направи се што може во Ѓорче Петров да има фер избори.

-Јас пружив рака и до крај ќе остане така, ќе бидат фер во Ѓорче Петров, верувам сите тоа ќе го видат од ВМРО-ДПМНЕ, а и од сите партии, дека ние ќе пристапиме максимално транспарентно. Тоа што се случува во Македонија не е во ред, имаме убиства, имаме многу лоши работи, не сакам да навлегувам во сите, треба друг постручен тоа да го каже, изјави Мисајловски.

Тој напомена дека во новата ера треба да има натпреварување меѓу политичарите како да биде поубаво Скопје, како да има поубав живот за граѓаните.