Минус од плата, за некого навика, а за некого потреба – совети како да излезете од него

Минус од плата, за некого навика, а за некого навистина потреба.  Но, во секој случај ако влезете во минус тоа не треба да остане така, туку треба да најдете решение како да излезете од него.

Можеби веќе неколкупати сте се обидувале со своите приходи да го покриете минусот, но набрзо станувате обесхрабрени и се откажувате. Затоа вашите долгови продолжуваат да се зголемуваат и да ви создаваат дополнителен стрес. 

Немојте да го одложувате подмирувањето на минусот на тековната сметка. Нема универзален рецепт, туку неколку општи правила: 

-Одлучете се дека ќе престанете да ги зголемувате долговите 

-Штедете за „црни денови“ 

-Планирајте го рокот и износот на отплата на минусот 

-Создадете реален и одржлив домашен буџет. И држете се за него!