Министерство за труд и социјана политика отвори оглас за вработување - отворени се 30 работни места

Во врска со член 20г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14, 199/14 и 27/16), член 22 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија" број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 167/2015 и 27/2016), Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место војавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 34/15), Министерство за труд и социјална политика ОБЈАВУВА ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 02/2016:

за вработување на 30 (триесет) помошнотехнички лица на неопределено време во Министерство за труд и социјална политика за следните работни места на ниво со шифра:

1. Ниво А02, шифра УПР0405А02008 Други помошно - технички лица II ниво КВ дактило работник - (6) шест извршители;
Општи услови
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и 
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
за нивото А2 -Средна стручна подготовка, без работно искуство
Дополнителни услови
статус на дете без родители и без родителска грижа кое до својата 18 годишна возраст имало ваков статус
Распоред на работно време
Работни денови понеделник петок
Работни часови неделно 40
Работно време од 08:30 до 16:30
Паричен нето износ на плата: 12, 453, 00 Денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2016 год. се Македонец(ка) 4, Албанец(ка) 1, Турчин(ка) 1.

2. Ниво А02, шифра УПР0405А02005 Работник на приемен пулт (пријавница) (6) шест извршители;
Општи услови

да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
За нивото А2 -Средна стручна подготовка, без работно искуство
Дополнителни услови
статус на дете без родители и без родителска грижа кое до својата 18годишна возраст имало ваков статус
Распоред на работно време
Работни денови понеделник петок
Работни часови неделно 40
Работно време од 08:30 до 16:30
Паричен нето износ на плата: 12, 453, 00 Денари
НАПОМЕНА: 
Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2016 год. се Македонец(ка) 4, Албанец(ка) 1, Турчин(ка) 1.

3. Ниво А02, шифра УПР0405А02004 Координатор на достава -Курир (8) осум извршители;
Општи услови

да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиотјазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
За нивото А2 -Средна стручна подготовка, без работно искуство
Дополнителни услови
статус на дете без родители и без родителска грижа кое до својата 18годишна возраст имало ваков статус
Распоред на работно време
Работни денови понеделник петок
Работни часови неделно 40
Работно време од 08:30 до 16:30
Паричен нето износ на плата: 12, 453, 00 Денари
НАПОМЕНА: 
Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2016 год. се Македонец(ка) 5, Албанец(ка) 2, Турчин(ка) 1.

4 Ниво АОЗ, шифра УПР 04 05 АОЗ 004 Хигеничар /ка (10) десет извршители;
Општи услови

да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиотјазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способностза работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
За нивото АЗ -Основно образование, НКВ, ПКВ, НСО, КВ или ВКВ, без работно искуство
Дополнителни услови
статус на дете без родители и без родителска грижа кое до својата 18годишна возраст имало ваков статус
Распоред на работно време
Работни денови понеделник петок
Работни часови неделно 40
Работно време од 08:30 до 16:30
Паричен нето износ на плата: 10. 081, 00 Денари
НАПОМЕНА:
 Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2016 год. се Македонец(ка) 7, Албанец(ка) 2, Турчин(ка) 1.

Рокот за пријавување изнесува 30 работни денови, сметано од денот на објавувањето на огласот.

Заинтересираните кандидатите треба да достават
Пријава, со прилог потребна документација, оригинал или заверена на нотар:
Пријава Кратка биографија
Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место
Уверение за државјанство
Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност, должност
Потврда за статус на дете без родители и без родителска грижа кое до својата 18годишна возраст имало ваков статус
Пријавата кандидатите може да ја преземат во електронска форма од веб страната на министерството (www.mtsp.gov.mk)
Пријавата со потребната документација, кандидатите треба да ја достават на следната адреса:

Министерство за труд и социјална политика
Сектор за управување со човечки ресурси
Ул. Даме Груев бр 14
(со назнака "за оглас"
Скопје

Кандидатите се должни да достават прецизни и точни податоци.
Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување.

Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.
Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата

Министерство за труд и социјална политика

Активен до: 30.09.2016