Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто пристигна во Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто пристигна во Македонија, каде на аеродромот беше пречекан од  министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и вицепремиерот Бујар Османи.

Сијарто негова иницијатива ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија, за време на која предвидени се средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како и со други високи претставници на земјава.

Заедно со унгарската делегација пристига  и конкретна помош за Северна Македонија, за полесно надминување на кризата рпедизвикана од коронавирусот