Министерката Дескоска не се враќа во образование

Министерката за правда Рената Дескоска денеска  запрашана од новинарите  дали очекува нејзиниот ресор да биде зафатен од процесите на „чистката“ на премиерот Заев,  изјави дека е сигурна дека нема да се врати во одделот за образование, бидејќи, како што рече, таа не била како Никола Тодоров за да се шета низ министерствата.

Дескоска рече дека единствено место каде што би се вратила после политиката е Правниот факултет.