Мигрената е инвалидитет - потресна исповед на една млада девојка

Приказната објавена на Vice, ви ја пренесуваме во целост : 

„Знаев, иако се надевав дека тоа нема да се случи, дека мојата мигрена ќе се обиде да го упропасти најверојатно еден од најдобрите моменти во мојот живот : ноќта кога мојот вереник ме запроси.

Клекна на едно колено, а јас едвај можев да разберам што ми зборува заради силниот притисок во мозокот, заради кој мислев дека главата ќе ми експлодира. Аплаузот од гостите во ресторанот дополнително ја зголемуваа болката и само мислев што ли ќе се случува на уште еден прекрасен момент од животот – мојата свадба. Додека другите запросени дами се опседнати со мали и големи детали околу подготовките за нивните среќнби денови, јас само сакав едно нешто, а тоа е да помине оваа хронична мигрена која ме убива во последните девет години.

Се обидов со повеќе од десет лекари, еден лек, друг лек, па комбинација од лекови. Ботокс и болни инјекции со бета блокатор. Назален спреј, специјална исхрана и кинеска трава. Скап уред кој изгледа како кацига од „Ѕвездени патеки“, која се расипа веќе вториот ден, ултразвук на мојот врат. За мојата менструална мигрена која ме напаѓа секој месец, земав хормонални лекови. Можев да се обидам и со лумбална пункција, ако се претпостави дека имам премногу церебрална течност која го притиска черепот. Ништо страшно, само лумбална пункција. 

Преку 28 милиони жени во САД пати од хронична мигрена, а јас патам секој месец, во период од две недели. Ова е трета најраспространета болест на светот и шеста која најмногу ве онеспособува. Кога ќе размислите, мигрената е инвалидитет. Парите кои се трошат на постојани прегледи, лекови и методи се неверојатно многу, но мораме да се обидуваме да најдеме лек.

Постојат и студии кои не плашат. На пример, неодамнешната студија која ја изработило Американското друштво за главоболки покажала дека младите луѓе со мигрени имаат повисок степен на одреден протеин заради кој постои поголем ризик од мозочен удар или срцеви заболувања. 

Решение? Го нема. 

Во меѓувреме, ќе одиме на лекар, ќе плаќаме здравствена заштита и партиципација, тие ќе не слушаат како го рецитираме историјатот на нашата болест и потоа ќе ни кажат дека не можат да ни помогнат или ќе не упатат кај некој за кој треба да чекате четири месеци за да ве прими. Но, ние немаме четири месеци на располагање. Од нешто мораме да живееме. Загрозена е нашата работа, квалитет на живот, дух, семејство, пријатели, брак, безбедноста. Имаме планови, важни настани во животот, одмори, работни обврски. 
Многумина ги презеле работите во свои раце, заради очај, подготвени да се обидат на било што само болката да престане. Една жена смета дека кивањето помага, па шмрка бибер. Некои испробале дупчење на дел од увото, за кое специјалистите велат дека ги погодува точките на притисок и предизвикува олеснување. 

Станува многу лесно да изгубите надеж, додека заспивате и се будите во болка, секојдневно. Но, не смееме да губиме надеж, бидејќи сме им потребни на своите семејства, на своите деца, на нашите миленици, на своите партнери. Затоа дишеме длабоко, ги стискаме тупаниците и забите и започнуваме нов циклус од почеток. 

Додека многу млади опсесивно размислуваат за губење на килограмите, прават декорации за столици и кореографии за првиот танц, јас го пресметувам својот период девет меси однапред за да видам со што ќе се соочам кога се во прашање моите менстурални мигрени. И ако за девет месеци од сега, единствена терапија која би функционирала на некој начин е комбинација од некои лекови, тогаш ќе бидам задоволна само ако успеам да останам на нозе доволно долго за да ја исечам тортата, а камоли да можам да лудувам на подиумот за танцување.“

Факултети.мк