Миење и дезинфекција на улиците во Општина Аеродром

Општина Аеродром денеска изврши миење на улиците околу поликлиниката „Јане Сандански“, Мичурин и Стар Аеродром, а од утре почнува со дезинфекција на сите улици кои се под нејзина надлежност.

Ова е уште една од низата превентивни мерки што Општина Аеродром ги презема за заштита од коронавирусот.

Град Скопје редовно врши миење и дезинфекција на булеварите што се под негова надлежност.