Метеоропатите вечерва ќе почувствуваат болки во главата, грбот и колената

Во вечерните часови кај поголем број на луѓе можна е појава на главоболки но и болки во колената, грбот и на вратот, се вели во биометеоролошката прогноза на УХМР.

-Во ноќните часови кај поголем број на луѓе можна е општа слабост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во раните утрински часови од следниот ден болките кои се од ревматски карактер но и оние кои се од артритични промени ќе се поизразени – се вели во прогнозата.