Металург со пет нови засилувања

Ма­ке­дон­ски­от ра­ко­ме­тен ви­це­пр­вак Ме­та­лург поч­на со со­ста­ву­ва­ње на ти­мот со кој ќе се нат­пре­ва­ру­ва во нова­та се­зо­на на Ли­га­та на шам­пи­о­ни, Ре­ги­о­нал­на­та ли­га и до­маш­но­то пр­венс­тво.

Во клубот доаѓаат петмина нови играчи: срп­ски­от гол­ман Дар­ко Ар­сиќ (27), ле­вото хр­ват­ско крило Мар­тин Мар­чец (23), срп­ски­от цен­тра­лен и лев бек Не­ма­ња Обра­до­виќ (25), ма­ке­дон­ски­от ре­пре­зен­та­ти­вец, ле­ви­от бек Дар­ко Ди­ми­три­ев­ски (23) и цен­трал­ни­от бек Го­ран Пе­чен­ков­ски (28).

Си­те пет­ми­на пот­пи­шаа две­го­ди­шен до­го­вор со Ме­та­лург.

– Во клу­бот оста­наа мла­ди­те ма­ке­дон­ски игра­чи, за чие до­пол­ну­ва­ње ан­га­жи­рав­ме не­кол­ку мла­ди македонски ра­ко­ме­та­ри и не­кол­ку од со­седс­тво­то. До­се­га не­кол­ку­ па­ти ка­жав де­ка ма­ке­дон­ски­те игра­чи ќе ни би­дат при­о­ри­тет во со­ста­ву­ва­ње­то на еки­па­та, а на тие по­зи­ции ка­де што има­ме не­до­стиг од ква­ли­тет­ни ма­ке­дон­ски игра­чи ќе до­пол­ни­ме со ра­ко­ме­та­ри од стра­на. Спо­ред тој план, про­из­ле­зе и пр­ви­от бран ангажма­ни за на­ред­на­та се­зо­на, та­ка што си­те се мла­ди, жел­ни за ра­бо­та, за уче­ње, за бор­ба и по­бе­да, што сме­там де­ка е од­ли­чен пре­дус­лов да се вкло­пат во на­ша­та мла­да и бор­бе­на еки­па, пред ко­ја се­зо­на­ва претстојат го­ле­ми пре­диз­ви­ци и со кои ве­ру­вам де­ка ус­пеш­но ќе се спра­ви­ме, изјави тренерот Лино Червар.

Тој најави во пер­и­о­дот што сле­ду­ва ангажирање на уште нај­мал­ку два-трој­ца ра­ко­ме­та­ри, од кои еден ќе биде де­сен бек.