Јубилеј-50 години Универзална сала Скопје 

Универзалната сала официјално пуштена е во употреба на 10 јануари 1966 година, по катастрофалниот земјотрес во Скопје како резултат на светската солидарност и помош, со изведба на драмската претстава “Виктор или деца на власта“ во изведба на “Атеље 212“ од Белград, а веќе на 16 јануари 1966 е одржан голем Симфониски концерт на Македонската филхармонија со пијанистот Александар Унински.

Од тогаш до денес се одржани над 5.700 манифестации, следени од над 8.500.000 посетители.

Илјадници и илјадници поклоници на добрата забава, доаѓаа во сите периоди од годината, веќе 50 години во Универзална сала која од пред една година го носи името Конгресен центар Александар Македонски.

Универзална сала од секогаш била центарот на сите важни случувања во Скопје. Од фестивали и разно разни манифестации до концерти на нашите омилени пеачи и групи.

Нема човек кој барем еднаш не ја искусил атмосферата во оваа мала магична сала со која расневме преку фестивалите на “Златно славејче“ и “Поточиња“.

Потоа Скопје фест, “Златна буба мара на популарноста“, спортски настани, “Глумците пеат“,“12-те величенствени“ и многу други манифестации кои ја забавуваа публиката и ги правеа задоволни лицата на Скопјани.

Многу песни се испеани и многу награди се доделени, во овој објект.

Пеачите и групите од Македонија и тогашните Југословенски простор како Леб и сол, Архангел, Бајага, Парни Ваљак, Рибја Чорба, Бело дугме и други како и Лепа Брена, Неда Украден, Мишо Ковач редовно гостуваа.

Незаборавниот концерт на светската музичка легенда Брајан Фери...

Бината на универзална нудеше амбиент за сите музички жанрови.

Тука секоја година, редовно се одржуваше и престижниот скопски Џез- фестивал…уживавме во настапите на величествеnite Cesária Évora, Ray Charles, Tito Puente, Youssou N’dour, Мариса Монте, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, Social Club и многу други.

Многу луѓе се усреќени, многу љубови се родени на ова место и ретко кој си заминал без да биде посреќен од моментот кога дошол.