Место кое треба да се доживее: Како изгледа Галичник во зима?

Галичник е место кое мора да се доживее. Никогаш нема да биде истото она место, за кое само ви раскажувале. За да го дознаете Галичник во вистинската смисла на зборот, тогаш издвојте време и посетете го. 

Галичник е село во Општина Маврово-Ростуша, во областа Мала Река. Сместено е на падините на планината Бистра, во центарот на регионот Мијачија. Галичник е туристичка атракција поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1450 метри и е опкружен со пасишта. Познато е по „Галичката свадба“, традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава - Петровден. За време на свадбата, се игра „Тешкото“ оро - што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот.

Во моментов на Галичник има снежна покривка, кое дополнително придонесува ова место да биде уште поубаво. Галичник во зима е наменет токму за авантуристите. 

Инстаграмџиите се обидуваат да ни го претстават ова место најубаво што можат, а ние за вас ги издвоивме најубавите фотографии. 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Borjan M (@borjan_m) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by S.M (@dubrovskiy07) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BALKAN MOTIVATIONS (@balkanmotivations) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BALKAN MOTIVATIONS (@balkanmotivations) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Filip Lukanoski (@lukanoski_filip) on