Меси конечно го запозна детето кое носеше негов дрес од кеса (ВИДЕО)

Детето кое стана интернет сензација носејќи дрес од Меси направен од пластична кеса, конечно го запозна својот херој.

Фотографиите, тогаш стигнаа и до Лео Меси кој му испрати негов дрес од Барселона со автограм, а сега конечно и се запознаа. Средбата на Меси со момчето Муртаза Ахмеди се случи во Доха, каде што Барселона треба да одигра пријателски меч со катарскиот клуб, Ал Ахли.