Меша Селимовиќ: „Власта е најтежок порок“!

„Власта е најтежок порок. Поради власт се убива, поради власт се гине, поради власт се губи човечкиот лик. Власта е неодолива како магичен камен, затоа што прибира моќ.

Таа е како духот од Аладиновата ламба, која ѝ служи на секоја будала која го држи. Одвоени, тие не претставуваат ништо; заедно, тие се злото на овој свет. Нема чесна и мудра власт, затоа што желбата за моќ е безгранична.

Човекот на власт секогаш е поттикнуван од кукавици, го бодрат ласкавци, го поддржуваат крадци и неговата претстава за себе секогаш е поубава отколку вистината.“

Меша Селимовиќ, „Тврдина“