Месецот на раѓање открива што ве прави среќни во љубовта

Месецот на раѓање, како и хороскопскиот знак имаат големо влијание на нашиот карактер, но и ставови и начин на однесување. Тој открива и што ни помага да откриеме како да најдеме среќа во љубовта.

Јануари – вам ви е потребна врска во која ќе имате слобода. Сакате да најдете баланс меѓу напорната работа и убавата врска. Потребна ви е личност која ќе ве поддржува во исполнувањето на вашите професионални цели.

Февруари – на родените во овој зимски месец им треба врска во која двајцата постојано ќе се предизвикуваат себеси и ќе се охрабруваат да прават нови нешта (нови хобија, нова работа и нови патувања и предизвици). Таквата врска во својата основа ќе ви овозможи поддршка и сигурност, но и многу љубов.

Март – родените во третиот месец од годината ценат љубезност и длабока емоционална поврзаност во љубовта. За нив најдобра врска е онаа во која можат да бидат прво најдобри пријатели со својот партнер, а потоа и страствени љубовници.

Април – родените во април ценат квалитетно поминато време. Тие сакаат авантури, романтика, убаво поминато време во друштво и постојана мотивација и поддршка за нивните желби и цели.

Мај – луѓето родени во мај ценат врски во кои постојано нешто се случува, која е полна со нови нешта и искуства и во која има многу предизвици. Тоа што никогаш не го сакаат е досада. Тие сакаат заедно да се унапредуваат и развиваат со својот партнер, откривајќи нови места, вештини и постојано подобрување на врската, но и поединечно.

Јуни – родените во јуни ценат врска во која ќе има многу забава, но и голема поврзаност меѓу двајцата. Тие сакаат љубов во која постојано ќе се смеат заеднички, но и каде можат да разговараат со својата сакана личност за работите за кои не можат да разговараат со другите. Сакаат врска која постојано се развива и станува поголема како што минува времето.

Јули – луѓето кои се родени во овој летен месец сакаат љубов во која ќе можат да се опуштат, да бидат свои и да не се грижат за тоа како изгледаат околу својот партнер. За нив врската е како дом и тие бараат пријатно чувство во секоја врска. Не сакаат да внесуваат многу напор и сакаат само да бидат најголема поддршка за личноста која ја сакаат.

Август – родените во август сакаат врска во која целосно ќе си одговараат со таа личност. Родените во овој месец се многу моќни личности со силна самодоверба и тие се многу пребирливи. За нив е важно потполно да си одговораат со таа личност и да им биде дозволено да бидат главни во врската.

Септември – тие сакаат партне кој ќе им помага постојано и кој ќе ги мотивира да се отворат емотивно. Тие се интелигентни и симпатични личности кои се многу затворени и постојано се борат со чувствата кои ги имаат во себе. Им треба личност која ќе ги стопи и пред која ќе можат целосно да се отворат, без да бидат осудувани.

Октомври – оние кои се родени во октомври ценат искреност и посветеност. Тие се одлични во постојаното создавање пријатели и внесување грижа во врската и понекогаш се многу вознемирени како ќе бидат сфатени. Им треба врска каде се сакани и ценети, но каде партнерот ќе им помогне да се ослободат од притисокот кој самите си го ставаат себеси.

Ноември – овие луѓе сакаат приземјен партнер/партнерка кој ќе им покаже дека важно е да успорат малку во животот. Тие се многу фокусирани и амбициозни и се личности кои можат да прават повеќе работи истовремено.

Декември – луѓето родени во последниот месец од годината не сакаат да се грижат за тоа што другата личност мисли за нив, ниту пак сакаат врска во која нема да бидат ценети. Тие се многу лојални личности и за нив е многу важно да бидат со личност која ќе ги цени и сака, како што тие ја ценат и сакаат.