Месечна прогноза: Какво време не очекува во април и мај?

Променливо време со сонце, облаци и дожд прогнозираат метеролозите за Скопје до крајот на овој месец и првата половина од месец мај.

Температурите ќе бидат во нормалата и утринската ќе се движи околу петтиот степен, а дневната ќе достигне до 20. Во мај се очекуваат нешто повисоки температури.

Април

Во текот на следната недела времето ќе биде сончево, со кратки облачни периоди. Можни се слаби врнежи од дожд за време на викендот.

Почетокот на седмицата по Велигден ќе донесе сончево време. Во текот на таа седмица се очекува слаби врнежи од дожд во среда или четврток.

Вакво сончево време со повремени облачни периоди ќе се задржи до крајот на овој месец.

Мај

Првите денови од мај ќе донесат променливо време со врнежи од дожд. Во текот на првата половина од месецот времето ќе биде променливо: врнежливо, облачно со сончево периоди.

Утринската температура ќе биде во пораст до десеттиот степен, а дневната ќе се движи околу 23 степени.