Месечен хороскоп за февруари

Месечниот хороскоп за февруари ни носи многу предизвици и препреки кои мораме да ги совладаме. Првите три дена во февруари се под голем притисок на напнатиот, па дури и експлозивен аспект меѓу Марс и Плутон. Но, како што деновите минуваат, така и планетите се во подобар пријателски однос.

Прочитајте го хороскопот за февруари.

Овен

Љубов

Ако сте во врска, Венера која владее со вашето поле на љубовта, по 2 февруари влегува во триаголник со Уран и Јарец. Ќе имате многу нови идеи како да го подобрите односот со саканата личност. Ќе сакате заеднички да работите на остварување на вашите заеднички планови и цели. Тоа ќе ве зближи и ќе ви донесе стабилност во емоционалните односи. Ќе чувствувате силна привлечност.

Ако не сте во врска, во првата половина од месецот ќе добиете потврда да сте во сериозна врска. Ќе ви делува малку чудно што ви минува потребата за љубовни авантури. Средината на месецот ќе бидете заведени од личност која делува како остварување на вашите соништа. Ќе се заљубите и додека трепнете, ќе бидете во врска.   Некои од Овните ќе стапат во врска со некој од колегите.

Работа

На полето на кариерата ќе се наоѓате во ситуации кои бараат прилагодување и промени на кои не сте подготвени и кои нема да можете да ги прифатите без отпор. Тоа ќе ве деконцентрира во вршење на важните задачи. За среќа, рамнотежата ќе се врати кон крајот на месецот.

Некогаш нема да знаете од кого да побарате поддршка во однос на вашите цели. Овој месец носи и неочекувани поволни можности за финансиска добивка. По 8 февруари, ќе ја добиете и поддршката од колегите и ќе имате дополнителна мотивација и насочување.

Невработените Овни ќе имаат можности за вработување во областа на здравството, но  и работи поврзани со транспорт на стоки.

Здравје

Февруари носи променливо здравје, што особено ќе претставува проблем по 10 февруари. Тоа носи слаба циркулација, хормонален дисбаланс, слабокрвност, а можни се и акутни заболувања, грип и силни инфекции.

Вашата исхрана треба да содржи повеќе намирници со антиоксиданти, витмаини, но и други материјали со што ќе го сочувате своето здравје. Ќе ви годат портокалите, мандарините и сокот од цеден лимон.

Бик

Љубов

Ако сте во врска, Плутон ви носи големи несогласувања и конфликти. Вашиот партнер ќе дознае дека сте криеле нешто од него, а ќе ги открие и вашите тајни и тоа може сериозно да ги раздрма вашите односи.  Ќе успеете да ги ублажите овие потешкотии и да ја објасните причината за вашите тајни. Ќе ви биде простено, но со резерва.

За оние кои не се во врска, ќе ви одговараат минливи авантури. Ниту една личност околу вас нема да ви биде доволно интересна за да се впуштите во нешто посериозно. Можно е заљубување на 14 февруари, и тоа како љубов на прв поглед.

Некои од Биковите ќе се откажат од шансата да и се приближат на личноста која им се допаѓа веќе некое време.  

Работа

На почетокот на февруари важно е да обрнете внимание на работите кои не ги согледувате доволно добро. Постојат личности кои ви работат позади грб и кои можат да направат голема штета. По 3 февруари се јавува можност да почнете да работите со странство.

Ќе добиете поддршка за остварување на вашите цели, а тоа ќе ви донесе и дополнителна мотивација. Успех ги очекува Биковите кои се занимаваат со социјални прашања, здравство и информациони технологии.  По 22 февруари, потрудете се да избегнувате задолжувања.

Невработените Бикови ќе добијат можност да работат со компанија од странство или поголема компанија која работи во повеќе држави. Тоа ќе ви се покаже како многу добра шанса.

Здравје

Венера минува низ вашиот знак и делува поволно на вашата здравствена состојба. Тоа ќе ве мотивира да водите поголема грижа на себе и своето здравје. Ќе се потрудите да го надминете стресот со релаксација и масажа и здраво ќе се храните. Избегнувајте брза храна и сувомеснати производи.

Близнаци

Љубов

Ако сте во врска, почетокот на месецот носи плодни разговори со саканата личност, но и ваша иницијатива да поминете повеќе време заедно. Ќе се гледате често, а страстите ќе бидат засилени. Ќе си давате позитивен поттик еден на друг. Втората половина на февруари ве предупредува да избегнувате тајни.

Ако сте слободни, ќе бидете полни со оптимизам во потрагата по личност која ќе ви одговара. нешто што на почетокот ќе делува како авантура, може да ви ги разбуди чувствата. Покрај себе ќе привлечете личност на која многу ќе и се допаднете. Средината на месецот е одлична за влез во нова врска.

Работа

Почетокот на месецот ви носи потешкотии на полето на платниот промет. Избегнувајте да се задолжувате и да работите ризични работи бидејќи би можеле да претприте загуба.

Во вториот дел од месецот доаѓа можност за договори за почеток на соработката со странство. Успех ги очекува оние кои се занимаваат со трговија, јавност, комуникација и издаваштво. На тоа поле ќе успеете и да постигнете нови успеси. Ќе имате успех и во тимската работа и соработката со колегите.

По 10 февруари, можно е малку да сте неорганизирани, што е сигнал дека морате да направите ревизија на вашите планови. Со еден соработник ќе имате големи несогласувања околу заедничките обврски.

Оние кои се раководители, ќе успеваат да бидат рационални во своите потези. Невработените Близнаци ќе успеат да добијат работа благодарение на нивните креативни идеи.

Здравје

Првата половина на месецот носи добро здравје, доста физички активности, добра кондиција и повеќе излегувања во природа. Ќе бидете заинтересирани за зимски спортови. Втората половина носи пад на имунитетот. Затоа треба да земате витамини и да се трудите да се храните поздраво.

Рак

Љубов

Ако сте во врска, на почетокот на месецот можни се кавги околу заедничките цели. Причината за тоа е недостатокот на разбирање. Ќе морате да се повлечете и добро да размислите, а потоа и да зборувате искрено за своите чувства. Втората половина од месецот носи надминување на проблемите и подобар однос со саканата личност.

Ако не сте во врска, почетокот на месецот ви носи средба со личност која ќе ве освои со својот изглед, но и карактер. Ќе се трудите многу околу таа личност, а по некое време ќе успеете и да ја освоите. Некои Ракови ќе имаат можност конечно да и се приближат на личноста која им се допаѓа веќе некое време.

Работа

Од 2 февруари, Марс влегува во вашето поле на кариерата и ви носи несложувања со колегите. Ќе треба да бидете внимателни. Вториот дел од месецот носи подобрување на односите, но и корисни и долгорочни договори.

Дел од остварената соработка ќе можете да инвестирате во развој на приоритетните задачи кои бараат пормена на современи технички алатки. Овој месец ви носи и службени патувања, но од вас се бара голема посветеност и напорна работа. Ќе треба да сте претпазливи и во однос на финансиите.

Февруари е поволен период за влез во долгорочни партнерства во областите поврзани со економија, индустрија, градинарство и судство.

Здравје

Февруари носи добро здравје, но бидете внимателни околу можните падови и повтеди. Чувствителни сте и на настинки, но тие ќе минуваат многу брзо. Конзумирајте храна која ќе ви помогне да го регулирате варењето.

Лав

Љубов

Ако сте во врска, Меркур носи подобра комуникација меѓу вас и саканата личност. Ќе имате многу интересни теми за разговор. Ќе покажете иницијатива за излегување на културни места, како кино, изложби и театар. Можно е и заедничко патување.

Оние кои не се во врска, бараат личност која во себе крие оригиналност и која се истакнува по нешто. Веќе ви се здосадени стереотипите, а кои се предвидливи и досадни. Средината на месецот ви носи личност која ви одговара. Брзо ќе сфатите дека тоа е личност која ја сакате до себе, што ќе ве направи и многу среќни.

Работа

Почетокот на февруари не е поволен за службени патувања и соработка со партнери од странство. Можете да се соочите со недоразбирања со колегите, но и проблеми ако работите во сферата на услугите. Највеќе напор ќе биде потребен за организација на вашето работно место. Во тоа ќе ви помогне Венера која на 3 февруари влегува во знакот на Јарец.

Добра заработувачка ги очекува оние кои се занимаваат со угостителство, но и дизајн и издаваштво.

Бидете вниматлени во однос на инвестциите, а и околу исплатата на долгови. Тука ќе биде неопходно добро да се организирате. За среќа, имате добра поддршка која ќе ви овозможи планирана заработувачка.

Добар месец за вработување за невработените Лавови.

Здравје

Овој месец носи силен имунитет и добро здравје. Би ви годел свеж воздух, а ако ви се понуди можност искористете го тоа за да отидете на планина. Посебно ќе ви годи здрава храна како цвекло и моркови. Намалете ги сувомеснатите производи.

Девица

Љубов

Ако сте во врска, овој месец носи многу оптимизам во врските. Ќе умеете да заблескате во љубовта и да уживате во заедничките моменти. Ќе бидете подготвени да исполните малку повеќе од тоа што го ветувате, што ќе ве направи многу среќни.

Ако сте слободни, ќе бидете многу пребирливи, што ќе ви помогне да остварите контакт со соодветна личност, онаква каква што барате. Внимавајте само вашата вродена ситничавост да не остави лош впечаток.

Работа

Бидете внимателни во ракувањето со финансиите овој месец и избегнувајте секакви ризични потези. Имате и опасност од некој манипулатор на работа, кој ќе се обиде да ве изигра. По 3 февруари, ве очекува успех на полето на работата каде ќе успеете солидно да ги завршите сите работи и тоа со одлична заработка.

Ќе имате доволно финансии и да влезете во нови проекти, но и да си дозволите уживање по работниот ден.

Здравје

Здравјето ќе ви биде променливо, но во поголем дел ќе се чувствувате добро и нема да се јават сериозни проблеми. Евентуално е можна слаба циркулација, мали проблеми со хормоните и штитната жлезда.

Во текот на овој месец, неопходна ви е храна која содржи антиоксиданти, витамини, магнезиум и влакна, која е лесна за варење.

Останатите знаци на наредната страна...

Вага

Љубов

Ако сте во врска, на почетокот на февруари можни се сериозни конфликти со партнерот. Ќе бидете немирни и постојано ќе бидете зафатени, така што ретко ќе имате време за саканата личност. За оние кои се во брак, тие нема да можат да се договорат околу домашните и семејните обврски.

Влегувањето на Венера во знакот Јарец ќе ви помогне да ги надминете конфликтите. Тогаш, повеќе ќе се ангажирате околу заедничкиот живот, семејството и децата, доколку ги имате.

Ако не сте во врска, на една забава ќе запознаете личност која ќе ви го привлече вниманието со пријатен глас и интересни приказни. Многу брзо ќе ви стане јасно дека делите слични интереси. Освен тоа, ќе ви се допадне и нивната интелигенција и смисла за хумор. До средината на месецот, ќе почнете и почесто да се гледате, но ќе морате да ги покажете своите квалитети за да влезете во врска.

Работа

Ова нема да биде едноставен месец за вас. Нагласено е полето на комуникација и движете, кратки патувања и договори, така што ќе се трудите да бидете насекаде. Ќе ви недостасува фокусираност и организираност, па можно е некои работи да ги правите и повеќе пати, поради грешките и пропустите.

Здравје

Здравјето ќе ви биде променливо, но во поголем дел ќе се чувствувате добро и нема да се јават сериозни проблеми. Евентуално е можна слаба циркулација, мали проблеми со хормоните и штитната жлезда.

Во текот на овој месец, неопходна ви е храна која содржи антиоксиданти, витамини, магнезиум и влакна, која е лесна за варење.

Шкорпија

Љубов

Ако сте во врска, Венера во знакот на Јарец ви отвора нови видици и повеќе планови со саканата личност. Ќе поминете повеќе време заедно, разговарајќи за различни теми и планирајќи ја иднината.

Вистински ќе уживате во времето кое ќе го минувате заедно, а втората половина на месецот ви носи романтични моменти и многу нежност.

За оние кои не се во врска, ќе забележите дека во ваша близина е личноста која со вас разменува неколку зборови, но која се држи на дистанца бидејќи и се допаѓате. Ќе забележите и дека ви праќа мали сигнали дека и се допаѓате и дека е заинтересирана за нешто повеќе од површно познанство. Наскоро ќе бидат пробудени емоциите и страста и до крајот на месецот ќе сфатите дека сте се заљубиле.

Работа

Почетокот на февруари ви носи тешки преговори околу новите проекти, особено оние кои се поврзани со услугите. Ќе наидете на несложувања, а можни се и конфликти со колегите. Сепак, по 3 февруари, ќе бидете подобар преговарач и ќе успеете да најдете начин како да работите со своите колеги.

Ќе имате успех на полето на продажбата, дизајнот и архитектурата. Еден важен проект ќе го завршите одлично, за што и ве очекува некаква награда. По 10 февруари, Меркур влегува во вашето поле на креативноста, со што ќе го насочите своето внимание на малите детали, но ќе биде потребно подобро да се организирате.

Ве очекува успех ако се занимавате со работите поврзани со забава, образование, дизајн и угостителство. Ќе започнете важни преговори околу еден долгорочен проект кој ќе ви донесе добра заработувачка. Крајот на месецот ви носи успех во јавните настапи и промоцијата на работа.

Здравје

Првата половина од месецот ви носи добро здравје. Единствено на што треба да внимавате се настинките. Не минувајте многу време на студено. Вториот дел од месецот можен е пад на имунитетот, ќе ви бидат потребни витамини.

Стрелец

Љубов

Ако сте во врска, почетокот на месецот ви носи пријатни разговори со партнерот за заедничките интереси и внесува радост и смеа во вашата врска. Ќе бидете оптимистички расположени и ќе се договарате за заеднички патувања, излегувања и заедничките цели воопшто.

Втората половина на февруари ви носи убава хармонија во врската и бракот.

За оние кои се слободни, првиот дел од месецот носи неуспех во обидот да привлечете личност која подолго време ви се допаѓа. Ќе сознаете дека имате конкуренција покрај која немате шанси, а тоа ќе ви донесе големо разочарување.

Втората половина од февруари носи личност со слободен дух со која одлично ќе можете да се разберете и да водите пријатни разговори. Ќе си се допаднете еден на друг и ќе се гледате почесто.

Работа

Почетокот на февруари носи мали проблеми на полето на финансии, така што бидете внимателни да не правите непредвидени трошоци. Не ризикувајте од 3 февруари, кога ќе станете поразумни во однос на парите.

Во работните преговори, ќе успеете да се истакнете и да заземете цврст став. Ќе бидете успешни на полето на забавата, продажбата и угостителството. Ако се занимавате со образование и некаква работа со деца и помлади личности, ќе бидете многу снаодливи и инвентивни.

Ќе биде потребно и подобро да се организирате за да успеете во потребниот рок да ги завршите сите работни задачи.

Здравје

Здравјето во најголем дел ќе биде стабилно и ќе бидете во добра кондиција. Втората половина носи пад на имунитетот, што може да доведе до воспаленија, посебно во пределот на грлото. Можен е и грип, настинка или бронхитис. Бидете внимателни.

Јарец

Љубов

Ако сте во врска, почетокот на месецот носи конфликтни ситуации бидејќи нема да можете да се усогласите со партнерот околу заедничките цели. Но, втората половина на месецот ќе ви отвори повеќе простор за компромис и искрен разговор со саканата личност.

Во текот на овој месец, често ќе делувате формално отколку што ќе можете искрено да се отворите.

За оние кои не се во врска, овој месец ви носи личност која ќе ги задоволи вашите критериуми. Ќе ја запознаете преку еден пријател или колега. Во неа, ќе препознаете квалитети кои ќе ве привлечат и ќе успеете да увидите дека имате многу заеднички интереси. Вториот дел од месецот ви носи и почеток на врска.

Работа

Почетокот на месецот носи несогласувања со личности кои ви се надредени или колеги со кои не можете да се усогласите во извршување на важни работни задачи. Венера на 3 февруари ви дава поголема успешност во меѓучовечките односи. На тој начин ќе успеете да го потврдите својот авторитет и да ги присвоите луѓето на своја страна.

Ќе имате мал проблем со организацијата, за што ќе треба да обрнете посебно внимание за да не пропуштите нешто.  По 14 февруари, ќе ви биде потребен одмор и повеќе разонода, но тоа ќе биде многу тешко. Доколку работите со клиенти, тие постојано ќе ви создаваат мака бидејќи постојано ќе бараат да им излезете во пресрет.

Здравје

Здравјето ќе биде чувствително и ќе чувствувате зголемен замор. Избегнувајте поголем физички и ментален напор и најдете повеќе време за психофизичка релаксација. Ќе ви биде чувствително грлото, но можете и да настинете. Јадете компир, магдонос, цвекло и зелка.

Водолија

Љубов

Ако сте во врска, февруари носи убав однос со саканата личност и конструктивни разговори за заедничките планови. Ќе имате време да се посветите еден на друг и тоа многу ќе и се допадне на вашата сакана личност. Самиот крај на месецот ја зголемува страста и ќе внесе поголема динамика во вашата врска.

За слободните Водолии, на една собиранка ќе успеат да запознаат личност која ќе ги освои со своите лични особини и изглед. Во исто време, ќе забележите и друга личност која е заинтересирана за вас. Така, на крајот на месецот нема да бидете сигурни која е вистинската личност.

Работа

Во текот на овој месец важно е да обрнете внимание на замките на конкуренцијата. Тоа може да влијае многу на успехот на работата која ја работите. Избегнувајте ги гласините и потрудете се самите да ја утврдите вистинската состојба.

Втората половина од месецот ви носи успех во работата, а на работа ќе бидете и поорганизирани што ќе ви помогне и подобро да планирате. Успех ве очекува и во областите поврзани со трговија и сообраќај.

Здравје

Здравјето ќе биде релативно добро, но важно е да се потрудите да се движите почесто за да ја подобрите својата кондиција. Во втората половина на февруари ќе бидете склони кон тоа да вежбате повеќе.

Риби

Љубов

Февруари носи пријатни разговори со саканата личност што се однесува на делот на планирање на заедничките цели. Околу тоа успешно ќе се сложите и ќе се насочите кон иднината. Втората половина од месецот носи новини во вашата врска, што ќе донесе и убави романтични моменти.

Ако сте слободни, ќе запознаете личност која ќе ви го привлече вниманието на прв поглед. Личноста ќе делува сосема необично и ќе се издвојува според начинот на разговор. Ќе откриете дека делите исти интереси и ќе посакате подобро да ја запознаете. До крајот на месецот, веќе и подобро ќе се запознаете.

Работа

Во текот на овој месец ќе забележите дека некои соработници остваруваат корист на ваша штета, што може да доведе до прекин на соработката. По 3 февруари, ќе успеете добро да ги организирате своите меѓучовечки односи и да ги надминете несогласувањата со колегите.

Во текот на овој месец ќе дојдете и до начин да ги зголемите своите финансии и тоа ќе ви донесе поголем успех од очекуваното. Ќе биде важно во работата да ја користите и својата интуиција и логика во исто време.

Здравје

Потребно ви е почесот движење, на чист воздух. Практикувајте да одите во природа, дури и на кратко, во кратка прошетка. Тоа позитивно ќе влијае на вашиот имунитет, а ќе се подобри и вашата кондиција.