Месечен хороскоп за февруари 2018

Што ве очекува во најкраткиот месец од годината?

Овен

Работа: Февруари е месец кој ветува многу на финансиски план. Можно е раздвижување на семејниот бизнис, а можни се и многу признанија и награди. Ќе успеете да пронајдете најдобар правец за тоа што го баравте, што ќе го доживеете како многу возбудливо искуство. Ова  е вистинско време за да ги зголемите приходите.

Љубов: Помрачувањето на Месечината го активира вашето поле на љубовта, додека пак помрачувањето на Сонцето вашето поле на пријателство, забава и друштвени случувања. Слободните Овни ќе се соочат со авантуризам и обид за слободна љубов, но и површни односи во кои ќе уживаат. Може да се случи да не можете да одлучите дали една личност сакате да ви биде само пријател или пак сакате нешто повеќе.

Оние кои што се во врска мораат да се концентрираат на давање, наместо на постојано земање. Можни се тешкотии и конфликти во љубовта.

Здравје: Важно е да внимавате на исхраната и да вежбате барем 2 пати неделно. Имунитетот ви е на ниско ниво и ова е многу важно за да го вратите во добра форма. Можна е и чувствителност на бешиката.

Бик

Работа: Се што сте зацртале на полето на кариерата може лесно да ви се оствари во текот на овој месец, доколку вложите доволно труд и време. Работниот углед ќе ви порасне, највеќе ако ги прифаќате предизвиците и задачите на надредените. Дури и ако ви е здосадена моменталната работа, ќе наидат многу интересни промени, па нема да сакате нова работа. Биковите кои работат во сферата на маркетингот ќе имаат многу успех.

Љубов : Чувствата ќе бидат измешани. Романтични излети и вечери со партнерот можат да го зацврстат односот. Оние кои се во врска ќе бидат малку толерантни, што ќе ги вади од такт нивните сакани.

Слободните Бикови ќе имаат среќа во пронаоѓањето на сродна душа во текот на овој месец.

Здравје: Можни се проблеми со уринарните инфекции. Пијте повеќе течности и најдете време за физичка активност.

Близнаци

Работа: Овој месец Близнаците ќе се посветат на кариерата. Иако ви недостасува охрабрување и вистинска можност за напредување, ќе пробате да заработите на илегален начин, а тоа нема да биде добра одлука. Добро размислете дали е вредно такво нешто. Дури после 19 февруари можете да очекувате можности за поместување од мртвата точка. Бидете внимателни до 16 февруари и пуштете ги работите да одат по свој тек. Немате причина за грижа, бидејќи ќе добиете помош која ќе ви биде потребна во многу важен момент. Оние кои се занимаваат со трговија, на крај на месецот ќе добијат парична награда од менаџментот.

Љубов: Љубовта ќе цвета за сите Близнаци во текот на овој месец. Во првата половина на месецот, ќе сакате авантура, но во другата половина ќе ви бидат потребни романтични моменти.

Оние кои се во врска, својата љубов ќе мораат да ја балансираат со работата. Близнаците кои се во брак ќе се соочат со неразбирање од страна на партнерот, но тоа ќе се случи во втората половина на месецот. Не си дозволувајте неверство, бидејќи тоа може многу скапо да ве чини.

Здравје: Важна е физичката активност. Некои Близнаци ќе имаат силни главоболки во текот на овој месец, што ќе биде предизвикано од промената на времето.

Рак

Работа: Надредените ќе ви доверат нови проекти. Пристапете им со ентузијазам и креативност, а успехот ќе биде загарантиран. Ќе ги испитате своите граници, ќе запознаете нови луѓе. Сепак, не претерувајте – не дозволувајте работата да почне да управува и со други аспекти од вашиот живот. Избегнувајте препирки со колегите, наизглед малите конфликти можат да преминат во поголеми кавги.

Љубов: Ако сте во долга врска или брак, потрудете се во вашиот однос да внесете нешто ново – краток излет, секси облека или други интересни работи. Доколку не си посветите внимание еден на друг, страста мошне брзо може да исчезне.

Слободните Ракови имаат неколку интересни познанства, но се ќе остане на пријателство или врски без обврски.

Здравје: Од 15 февруари, конечно работите ќе тргнат на подобро. Важно е да спиете и вежбате доволно.

Лав

Работа: Нема да ви недостасува енергија, само ќе треба да се посветите на иницијативата и успехот и унапредувањето ќе бидат пред вас. Ќе имате волја да направите нешто ново и со тоа да ги воодушевите сите колеги и надредени. Сепак, ќе морате да почекате на паричните награди. Невработените Лавови ќе имаат можност да се вработат.

Љубов: Почетокот на месецот носи возбудливи средби. Ако веќе сте во врска или брак, посветете се еден на друг за да добиете повеќе време и љубовта ќе цвета како на почетокот.

Здравје: Буквално ќе пукате од здравје. Крајот на месецот порабетете на имунитетот, можни се настинки.

Девица

Работа: За родените во овој знак, февруари не е најповолен месец за кариера. Вработените ќе бидат под голем притисок, можни се и одредени кавги со колегите. На работа владее негативна атмосфера. Ќе имате волја и сила да ја поправите ситуацијата и да ги испочитувате роковите, но тоа нема да биде возможно секогаш. Почекајте го март и бидете трпеливи за да ви тргне подобро. Истото важи и за невработените – Февруари не носи многу шанси за вработување.

Љубов: Ни  на полето на љубовта и семејството нема да има многу позитивни случувања. Многу врски ќе западнат во голема криза и потребен ќе биде многу труд за да се поправат работите. На слободните Девици им се смешка убаво познанство, но ова не е најдобар момент за почеток на емотивна врска.

Здравје: Потребен ви е интензивен тренинг за да се ослободите од насобраниот стрес. Одморете и најдете добар начин за опуштање. Тоа ќе ви биде потребно во текот на напорниот период.

Вага

Работа: Ова е период кога треба да седнете и добро да размислите какви промени на работа ви се потребни. Можеби е време да ги следите своите желби и да ја промените професијата. Тоа би можеле успешно да го остварите бидејќи работите лесно ќе ви одат од рака.

Љубов: Осамените Ваги нема да знаат како се викаат – ги очекува нова страстна и многу романтична врска со личност која ќе ја сретнат на почетокот на месецот. Вагите кои пронајдоа своја сродна душа ќе уживаат во убавите заеднички моменти. Можна е и бременост.

Здравје: Ќе имате многу енергија и нема да ве држи место. Здравјето е генерално добро, но обрнете внимание на штитната жлезда.

Шкорпија

Работа: Пред Шкорпиите е период на важна одлука. Можеби најпаметно е да се консултирате со шефот и заедно да проучите што би било најдобар потег, за да можете да добиете, наместо да изгубите. Кој пат и да го одберете, дајте го својот максимум и наградата нема да изостане. Невработените ќе треба да почекаат до март, особено доколку сакаат работа во информатичките технологии или трговија.

Љубов: Се што треба да направите е да го послушате своето срце. Ако имате чувство дека нешто не е вистинско, не губете време – раскрстете и одете понатаму. Истото важи и за слободните Шкорпии, слушајте го инстинктот.

Здравје: Конечно сфаќате и дека во здравјето може да се вложува. Време е конечно да почнете да водите сметка за исхраната, но и физички да се активирате. Ќе се чувствувате сјајно, а ќе изгледате одлично.

Стрелец

Работа: Имате инспирација и многу нови идеи. Детално разработете ги своите планови пред да ги изложите, за да не бидете сфатени погрешно. Секој проект на кој ќе работите во текот на овој месец, ќе донесе успех. Невработените припадници на овој знак можат да очекуваат добра понуда за работа во струката, особено доколку нивната професија е во медицината.

Љубов: Ќе блескате од самодоверба, па вашата харизма ќе го привлекува спротивниот пол како магнет. Слободните ќе мораат да бираат со кого да влезат во врска,  а на оние во врска ќе им биде тешко да одолеат на искушенијата, бидејќи одеднаш ќе се појават многу интересни луѓе. Врските кои ќе започнат во текот на овој месец ќе резултираат со брак.

Здравје: Можен е пад на имунитетот и настинки. Ослободете се од лошите навики и пороци.

Јарец

Работа: Ова е вистински момент да почнете од почеток. Работата која не ви носи среќа, ниту професионално задоволство, не ви е воопшто потребна. Наскоро ќе дојдете до точка кога нема да можете да се носите со толку стрес. Ова не е добар период за невработените бидејќи трудот нема да вложи со плод во текот на февруари.

Љубов: Изненадете ја саканата личност. Дури и кога малку ќе се вложите, тоа ќе ви се врати повеќеструко. Пред слободните Јарци е судбинска средба, авантура која секогаш ќе ја паметат.

Здравје: Подложни сте на вируси и настинки. Никако да сфатите дека исхраната и неактивноста од кои не сакате да се одречете нема да ви донесат ништо добро.

Водолија

Работа: Комуникацијата со колегите и надредените е на највисоко ниво, а тоа ќе ви донесе добар углед и ќе ви отвори нови врати. Дајте се од себе, сконцентрирајте се на успехот и тој ви е загарантиран. Сепак водете сметка да не се нервирате поради неочекувани ситуации. Некои нешта нема да се одвиваат по планот.

Љубов: Имате две опции -  да слушате и да бидете среќни или да се заклучите во себе што не е својствено за вашиот знак. Изберете среќа, ќе имате помалку проблеми, но и многу повеќе ќе уживате. На осамените Водолии нема да им биде досадно, иако не се во врска, ќе излегуваат многу повеќе од вообичаено и ќе запознаат многу интересни луѓе.

Здравје: Нездравата храна си носи свои последици. Имунитетот ви е многу чувствителен, но и циркулацијата, коските и крвниот притисок.

Риби

Работа: Ве очекува подобрување и убави можности во февруари. Конфликтите со надредените можат дополнително да го загрозат она за што вредно сте работеле, па внимавајте да се контролирате. Подобро е да се фокусирате за да избегнете такви ситуации. Ве очекуваат работни патувања, но таму морате да се пазите од негативните луѓе.

Љубов: Ѕвездите не предвидуваат големи промени кога станува збор за семејството и љубовните односи. Вашиот љубовен живот делува многу комплицирано. Рибите во врска ги очекуваат многу кавги, но и можни раскинувања во текот на овој месец.

Здравје: Имате насобрана тензија.  Веќе на почетокот на месецот морате да направите нешто за да го подобрите тоа. Дистанцирајте се од негативните луѓе и малку одморете од светот.