Месарниците се жалат на намалување на прометот, а фармерите ќе ја качуваат цената на свинското месо за неколку денари

Информациите за поскапување на месото во пресрет на Велигден се се погласни, трговците се плашат дека со промена на цените на месото, ќе изгубат голем број на муштерии, кои и онака од ден на ден се се помалку. 

На ваквите најави од индустријата реагираат и граѓаните кои што велат дека дрско и безобразно е во очи на најголемиот христијански празник цените да одат нагоре.

Наредниот период трговците, односно сопствениците на месарниците и потрошувачите ќе дознаат дали Здружението на производители на свинско месо ќе го поскапи месото. Изминатиот период кружат гласини дека ќе се менува цената на свинското месо, а како што најавуваат производителите од месната индустија во наредните денови  ќе биде донесена одлуката дали месото ќе поскапи за 2-3 денари за еден килограм. Трговците ваквата вест ја примија со негодување, бидејќи промените би влијаеле значително на нивниот промет. Голем дел од нив посочуваат дека веќе долг период прометот им е значително намален и дека граѓаните бурно реагираат и на најмало покачување на цената на производите, па и овој пат се свесни дека реакциите нема да изостанат.

Трговците и преработувачите на месо очекуваат дека ова нема да биде единствено зголемување на цената на местото, туку дека во наредниот период ќе има повеќекратко покачување.

-Информацијата за покачување на месото не е добродојдена, бидејќи и онака прометот е значително намален, па евентуално покачување ќе биде уште полошо за нас трговците. Стравуваме за нашите бизниси, од тука ги храниме нашите семејства, а промената на цената може да донесе и до окончување на бизнисот. Граѓаните внимаваат на секој денар и најмалото покачување за нив ќе претставува заобиколување на месарниците, вели трговец на месо од скопската населба Аеродром.

Тој понатаму посочува дека граѓаните нема веднаш да го почуствуваат поскапувањето, но доколку производителите ги менуваат цените, ќе мора и тие да направат корекција на истите.

Најавите за зголемување на цените на пресот пред големиот празник Велигден предизвика рекација и кај граѓаните.

Платите стагнираат, стандардот е во место. Стварно е безобразно да се качува цената, особено пред Велигден кога побарувачката е поголема. За жал пред муслиманските празници цената на месото паѓа, но за Велигден како да станува традиција таа да оди нагоре. Дрско и жално е ова што се случува, вели Никола К. од скопската населба Ѓорче Петров.

Вината не е во месарниците, туку во производителите. Тие ја диктираат цената и страшно е ова што го прават пред Велигден. Не само што не е фер, туку е апсолутно нехристијатнски е да сакаш да профитираш за еден ваков празник, додава Никола. 

Минатата недела на оваа тема се огласи и Организацијата на потрошувачите која што информираше дека граѓаните се жалат на зголемени цени пред празниците и апелираше до трговците да го избегнат овој тренд,