Меркур се движи ретроградно од денес: Мораме да се соочиме со реалноста, вистината доаѓа

Можеме да почувствуваме мало олеснување. Како некои стар товар, лоши мисли и одложувања да исчезнуваат, а доаѓа подобра мотивација. Сега можете подобро да гледате и да го сфатите тоа што ви се случува во изминатите недели. Добивате некои одговори, создавате соработка, ги придвижувате работите.

Месечината се наоѓа во Јарец, а се приближува на Сатурн и Плутон. Нешто што е оставено да тлее или “ставено под тепих” ќе има влијание на вас. Можеби ќе доживеете емотивна катарза, можеби ќе се разбудат спомените, или пак некоја чувана тајна, за други пак ќе пукне балонот на илузии.

Ќе дознаете на што сте, и на што можете да се надевате. Реалноста ве носи на соочување. Некои нови моменти поврзани со работата која ја работите, односот со надредените, комуникацијата со родителите се дел од вас овој период.