Мерките за вработување се добредојдени за македонските компании

Македонските компании ги користат државните мерки за вработување за да го прошират својот тим.

Велат состојбата во земјава влијае на нивнотот работење, но тоа не е пречка да ги користат  поволности кои  во вакви услови можат само да им помогнат.

Државните  мерки помогнале повторно да заживеат некои од старите занаети кои беа во изумирање.

- Со новиот оперативен план за вработување  за годинава се очкеува да се отворат нови 10 илјади работни места. Како најуспешна мерка се покажа проектот „Македонија вработува“  чии поволности ги искористиле над 10 илјади компании.

Околу 60 работодавачи вчера имаа можност да се информираат за активните  политики за вработување. На средбата работодавачите разменија искуства и дискутираа за состојбата на пазарот на трудот и кадарот кои му е потребен на  бизниси секторот.