Имав среќа да фатам многу убав период од ноќниот живот во Скопје. Во оваа тема очекувам носталгично да се вратиме во минатото на скопската шема и забавниот пулс на главниот град.90- тите бea вистински рај во поглед на новонастанатите бендови, клубови и музика, а едни од најголемите македонски хитови кои сеуште се вртат по македонските радија се родени во тој период.
Едни од најпознатите кафулиња и клубови кои скопјани сеуште ги паметат се: Летното МНТ, Ла Фабрик, Уна, BOULEVARD, Мусандра, Елемент и уште многу други легендарни места кои се неизбежен дел од сеќавањата на една генерација во Скопје.
Менаџерите ги знаеa сите а истите бea одговорни за делење на гратиси и конзумации за забавите и настаните. Познато беше дека плавите гратиси се за машки а розевите за женски. И тоа било тоа. Едноставно време со многу голема понуда за добра забава во главниот град.
Фото потсетување на забавите од „наше време“: