СОСТОЈКИ:
3 јајца
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
150 мл масло
100 мл млеко
300 гр брашно
1 прашок за печиво
прстофат сол
200 гр маргарин
200 гр чоколадо
1 дл млеко
100 гр шеќер
200-300 гр кокосово брашно
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете јајца со шеќер и ванилин шеќер, додајте ги сите течни состојки, брашно и прашок за печиво. Кога добро ќе измешате ставете ја смесата во плех со големина 25х35 и печете во загреана рерна на 180 степени.
Печениот колач оставете го да се излади, а потоа исечете коцки.
Растопете маргарин, млеко, шеќер и чоколадо, па извалкајте ги коцките, прво во чоколадото, а потоа во кокос.