Време е за подготовка на брзи крофни и тоа без многу масло.
По оригиналниот рецепт овие крофни се подготвуваат во посебен калап за мафини, но вие можете да користите обичен калап и да ги печете во рерна. Вкусот е неверојатен!
СОСТОЈКИ:
1 шолја брашно
1,5 лажица шеќер
1/2 лажичка прашок за печиво
1/4 лажичка сол
2 јајца
1 шолја млеко
2 лажици путер, омекнат на собна температура
крем по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Посебно измешајте ги сувите состојки, а посебно жолчките, млекото и путерот. Потоа измешајте ги смесите заедно и додајте претходно направен шлаг од белки – лесно измешајте го во смесата.
Добро намастете калап за мафини, а потоа во секоја вдлабнатина ставете по малку смеса. Со помош на шприц во секоја крофна ставајте крем по желба, а потоа преку додајте уште малку смеса.
Печете 10 минути на 200 степени.
Уживајте!