Меѓународен добротворен базар на 3 јуни

На 3 јуни ќе се одржи Меѓународен добротворен базар во организација на „Добредојде“ Macedonia Welcome Center – DMWC , а по повод Меѓународниот ден за заштита на правата на детето.

Базарот ќе се одржи во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, со почеток во 11 часот. Со собраните средства ќе се зголеми фондот за училиштето за слепи. 

 „Добредојде“ го оранизира Добротворниот базар во соработка со странските амбасади во Македонија и бизнис заедницата, а со поддршка на град Скопје, и е еден од ретките вакви настани кај нас.