Меѓународен ден на девојчињата: Драга ќерко, ти си силна и храбра, не му дозволувај на светот да те смени против твоја волја

Денеска е Меѓународниот ден на девојчињата, кој се одбележува осма година по ред. Целта е да се охрабрат девојчињата да бидат силни, соочувајќи се со своите предизвици. Секое девојче има право на сигурен дом, храна, облека и пристап до образование. 

 

Во тоа име денеска објавуваме писмо од една мајка до нејзината осумгодишна ќерка. 

Драга ќерко, 

Пред да те добијам тебе, знаев дека можеби еден ден ќе сакам да имам деца. Сакав да бидам мајка. Но, штом тебе те земав прв пат во моите прегратки, навистина почувствував што значи тоа. Растеш во моите прегратки, те чувам од светот, но денес е денот кога сакам да ти порачам нешто.

Нема да ме имаш секогаш во својот живот. Ќе растам со тебе, ќе се радувам на твоите успеси, ќе тагувам со тебе. 

Сакам да станеш добар човек. Да станеш несебична, внимателна, добра. Кога тргна на училиште, се плашев за тебе. Сакав да те заштитам од светот, но денеска знам дека иако ќе дадам се од себе, јас не можам постојано да го правам тоа. 

Сакам да се соочуваш со нови прилики, со убави можности, со се што ќе ти донесе животот. Сакам да знаеш дека имаш огромна моќ и храброст во себе, и да не дозволуваш никој да направи да се плашиш од  него. Сакам да знаеш дека никогаш не треба да ги криеш своите емоции и дека тие се она што те прави човек. Не се плаши и не се срами да се радуваш пред другите. Доживувај го секој ден како чудо, како нешто што треба да се изживее во целост и биди своја. Не дозволувај му на светот да те смени, против твоја волја. 

Животот ќе ти донесе милион предизвици и јас знам дека ти ќе се спротиставиш на нив и ќе преживееш се што ќе ти донесе светов. 

Те сакам најмногу на светов, но сакам и ти да се сакаш себеси исто толку и да не дозволуваш да се мразиш кога некој нема доволно љубов за тебе или кога некој ќе сака да ти каже дека не си доволно добра. Биди добра за себе, за своите блиски и заборави на злобните коментари од оние кои не те познаваат.

Биди своја, секогаш биди своја, најдобра верзија од себе.