Мегаломански роденденски забави за децата или престиж на родителите?

Во последните неколку години игротеките станаа речиси единствен избор за прославата на детските родендени.

Како и за многу работи, кај нас и за ова се претерува.Постојат одредени игротеки во Скопје каде има понуда за роднеденско мени. Најчесто цените се движат од 200 до 600 денари по човек, без вклучен пијалок.

- Оваа година на мојата ќерка роднеденот ќе и го прославам во една игротека во скопски Аердром. Изнајмувањето на просторот е 3000 денари во оваа сума спаѓаат грицките за децата.Торта ќе не чини 3000денари бидејќи ќе биде изработена со фигури, за мезето, кифлите, салатите ќе потрошам негде околу 2500 денари, пиењето ќе биде од самата игротека каде цените на пијалоците се исти како и во кафич.И да не заборавам роденденската облеката не чинеше 2500 денари, вели скопјанката Биле.

Организирање мегаломански родендени во игротеките стана престиж за родителите. Па кој ќе открие нова игротека, мораш веднаш да ја сподели во друштвото.Има и родители што размислуваат малку покреативно и им прават незаборавни родендени на своите деца без притоа да потрошат големи суми, во природа.

Ливадата се претвори во украсена природа која повикува на игра, што е посебно важно кога имате гости кои ретко го поминувале слободното време во природа. Трошокот за ваквите „алтернативни родендени“ е неспоредлив со игротеките.

Како и за многу работи, доколку се споредиме со други земји, ќе забележиме дека претеруваме. Во Словенија, на пример, се собираат дечињата, без родителите, најчесто од градинка или од училиште, играат, се почестуваат со скромна закуска и тоа е тоа.