Мега концерт на Куку Леле - еве како изгледаше атмосферата во летниот клуб „Централ парк“ (фото)

Најпопуларното македонско дуо „Куку Леле“ со чии хитови израснаа многу генерации, во саботата на 3-ти септември пред скопската публиката одржа мега концерт и фантастична журка со која и официјално го надмина рекордот во број на продадени билети и присутни гости во летниот клуб „Централ парк“.

Нешто повеќе од 3000 скопјани имаа ексклузивна можност премиерно во живо да слушнат како звучат новите песни „На сон ми доаѓаш“ и „Шутни го бејбе“ во изведба на Роберт Саздов и Панки во придружба на 14 член бенд и озвучување како на најголемите настани во нашата земја.

Освен новите песни кои веќе котираат на врвот на топ листите низ радио станиците, бројната публиката во еден глас пееше и се забавуваше со огромните хитови како „Постела рози“, „Кучка неверна“, „Блесава си или не“, „Ти немаш појма“, „Нема да тагувам“, „Р’мбам ко црнев“ и многу други.

Погледнете како изгледаше атмосферата во летниот клуб „Централ парк“ низ објективот на младиот и талентиран фотограф Дарио Королија.