Медена земја номиниран за најдобар документарец на Европските филмски награди

„Медена земја“ е номиниран na Европските филмски награди за 2019 година кои ги доделува „Европската филмска академија“.

Македонскиот документарец е меѓу петте номинирани за наградата најдобар европски документарец за 2019 година, заедно со францускиот „Селфи“, летонскиот „Путиновите сведоци“, италијанскиот „Исчезнувањето на мојата мајка“ и британско-американскиот „За Сама“.

За оваа селекција одлучуваат гласовите на 3.600 членови на Европската филмска академија. Победниците ќе бидат прогласени на 7 декември во Берлин.