Мед и цимет: Моќна и вкусна комбинација која лекува многу болести

Научниците тврдат дека медот е многу ефикасен во лекувањето на многу болести, а кога се комбинира со цимет станува смртоносно оружје за вируси, високото ниво на холестерол, шеќер во крвта и други непријатели на нашето здравје.

Срцеви заболувања

Направете паста од мед и цимет. Мачкајте ја на кришки леб наместо џем и редовно јадете ја за појадок. Тоа ќе го намали нивото на холестерол во артериите и ќе спречи инфаркт.

Артритис

Додадете две големи лажици мед и една лажица цимет во чаша со топла вода. Пијте наутро и навечер. Кога редовно се конзумира, може да помогне како лек против ракот, па дури и да го излекува хроничниот артритис.

Инфекција на жолчната кеса

Измешајте две големи лажици цимет и една лажица мед во чаша со млака вода. Пијте ја оваа мешавина секој ден, таа ќе ги уништи микробите во жолчната кеса.

Холестерол

Измешајте две поголеми лажици мед и три лажици цимет во голема чаша со чај. Кога ќе го пиете ова, нивото на холестерол ќе се намали за 10 отсто за само два часа.

Настинка

Ако имате настинка, земете една голема лажица мед со ¼ лажица цимет. Земајте ја оваа мешавина три дена по ред. Тоа ќе ве ослободи од настинката и хроничната кашлица.

Болки во стомакот

Медот во комбинација со цимет ќе ги елиминира болките во стомакот. Со редовно конзумирање на оваа комбинација можно е дури да се отстрани и чир на желудникот.

Имунолошки систем

Редовното конзумирање на медот и циметот во прав го зајакнува имунитетот и го штити организмот од бактерии и вируси.

Грип

Шпанските лекари откриле дека медот содржи природни состојки кои ги убиваат вирусите и штитат од грип.

Губење на тежината

Сварете чаша вода со мед и цимет во прав и пијте секое утро на празен стомак, половина час пред појадок. Кога редовно се конзумира, помага во губењето на килограмите.

Здив

Секое утро исплакнете ја устата со топла вода во која сте додале една лажица мед и цимет. Оваа мешавина ќе ви помогне да одржите свеж здив цел ден.