„Ме влечеше за ранец и ме удри со боксирач, едвај спасив жива глава“ - претепано дете на автобуска постројка во Скопје

Вчеравечер на фан страната на Сител загрижен родител испрати слика од своето дете кое било нападнато на автобуската станица кај Веро Џамбо. 

Како што наведува родителот кристејќи ја ситуацијата со затворањето на центарот на градот во вечерните часови не сообраќаат автобуси , разбојничка група од 5-6 мина дејствува на автобуските постојки кај Југо Дрво и Џамбо. 

Последниот во низата напади се случил вчера нешто по 18 часот, кога тројца непознати во два одделни настани нападнале средношколци, удирајќи ги со "боксирачи".

- Чекајќи автобус, две лица ми пријдоа и ме прашаа дали ги познавам. Одговорив, не, и се оддалечив од нив. Во тој момент едниот ме повчече за ранецот, а другиот ме удри со боксирач. Успеав да се оттргнам и да бегам околу двајца повозрасни луѓе.

Среќа, во тој момент дојде автобус, во кој се качив и побегнав", ни изјави момче кое беше жртва на овие хулигани

Како што дознаваме, ова и не е единствениот ваков случај деновиве.