Понекогаш, она што мажот го мрази во врска со својата жена ја објаснува неговата љубов повеќе отколку кој било гест. Оваа листа ќе ве изненади!

Тој мрази да ве гледа како страдате

Секојпат кога ќе ве види повредени, тоа го боли и го мрази тоа затоа што се чувствува беспомошно. Кога ве боли нешто, не се затворајте, комуницирајте и кажете што мислите.

Тој мрази кога гледа дека се обидувате да ја сокриете својата болка

Тој сфаќа дека и вие имате свои тешкотии и можеби не може да ви помогне, но кога плачете навечер и тој ве слуша, се нервира поради неможноста да ви помогне.

Тој мрази кога не сте крај него

Кога двајца луѓе решаваат да го поминат животот заедно, меѓусебно се навикнуваат такашто отсутноста на едниот е како да му недостасува дел од телото на другиот.

Тој мрази кога се сомневате во својата способност

Вие сте одлучиле да бидете со него иако знаете дека не е совршен и во него сте го виделе најдоброто. Кога ќе почнувате да се чувствувате несигурно, зборете со него.

Тој мрази кога луѓето не ве почитуваат

Луѓето природно сакаат да ги заштитат своите сакани. Секојпат кога тој бурно реагира на нешто или некој, тоа доаѓа од инстинктивната нетрпеливост кон се што може да ви наштети.

Тој мрази кога се откажувате

Неуспехот е неизоставен дел од животот, но тој го гледа времето и се трудот кој го вложувате и не сака да се откажете од се.

Тој мрази кога тој е причината за вашата тага

Многу често ги повредуваме луѓето кои нѐ сакаат. Понекогаш не повредуваат ситници, понекогаш кажува нешто во жештината на моментот, но кога ќе каже дека му е жал, навистина му е жал. Неговото срце е поврзано со вашето и она што ве боли вас, го боли и него.

Тој мрази кога не сте среќна

Верувајте во него, дури и ако понекогаш ја утне работата. И покрај неговиот недостаток од можност да комуницира, тој сепак ве сака и сака да бидете среќни.