Мажот го сакам, ама во љубовникот сум вљубена!

Иако е свесна дека прави огромна грешка и дека треба што побрзо да стави крај на аферата со Горјан, не сака ниту да помисли на такво нешто затоа што не може да си го замисли животот без него, а од друга страна не сака ниту да го напушти Владо затоа што уште го сака и ѝ годи неговото присуство.

Вероника е една обична жена, со обичен живот и работа. Меѓутоа, нејзиниот емотивен живот е комплетно необичен. Вероника се омажила како многу млада, на 21 година. Родителите ја форсирале што порано да почне со семеен живот, иако се уште немала запишано факултет. 

Се омажила за Владо кој и бил прв дечко. Почнале да се забавуваат уште во средно училиште и тоа некако бил некој логичен сплет на околности. Го сакала, како и тој неа. Прв пат спиеле после година дена врска, а другарките и се чуделе како успеала да издржи толку долго.  Меѓутоа, Вероника ги убедувала дека Влаоа и е за цел живот и дека затоа не брза никаде. Се преселиле во Белград и таа се запишала на факултет. 

После само една година студирање, се вработила во една приватна фирма каде почнала да волонтира. Иако никогаш во животот не помислила на друг маж, со текот на времето почнал да и се допаѓа еден колега. Горјан бил висок, црн и паметен и ја шармирал со само еден разговор. 

Набргу после тоа почнале да излегуваат заедно на пауза за ручек и Вероника почувствувала дека полека се заљубува во него. Сексот им бил неверојатен, а страста која што ја чувствувала кон него, никогаш во живот ја немала почувствувано за некој друг. 

Иако е свесна дека прави огромна грешка и дека треба што побрзо да стави крај на аферата со Горјан, не сака ниту да помисли на такво нешто затоа што не може да си го замисли животот без него, а од друга страна не сака ниту да го напушти Влада затоа што уште го сака и и годи неговото присуство. 

Се научив да лажам и вешто да манипулирам со луѓето околу мене. Влада го сакам и никогаш во животот нема да го оставам. Сепак, сексот со Горјан е неверојатен и не сакам да ставам крај ниту со него. Постојано се прашувам во себе до кога ќе трае ова, а свесна сум дека не сакам никогаш да прекине. Зарем е можно да сум заљубена во двајца мажи во исто време и да не можам животот да си го замислам без нив, се прашува Вероника.