Иако прво паѓаат на физичкиот изглед на жените, тоа не е тоа што ги задржува на долги патеки. Едно истражување на финските научнци покажало дека повеќе од половина од припадниците на посилниот пол сака покрај себе да има природна и спонтана девојка.

Испитаниците со црвени букви подвлекле дека најмалку им се симпатични девојки кои се фолираат, кои никогаш не умеат да се опуштат, туку секогаш се грижат за тоа дали шминката им е размачкана, дали фустанот добро им стои...

Истражувањето покажало дека 60% од мажите се во потрага по партнерка која знае да слуша и да се грижи, додека 40% од нив рекле дека сакаат да имаат жена која знае да готви. На врвот на листата се нашла и смислата за хумор, а момите ценат и кога девојката покажува подготвеност за компромис и е задоволна со сопствениот живот.