Мажите открија како знаат дали жената ќе биде добра во кревет

Не е лесно да се препознае која девојка ќе биде добра во кревет. Понекогаш тоа е токму онаа која загадочно се смешка, а понекогаш е онаа која изгледа сосема невино и нежно.

Неодамна била спроведена анкета меѓу машката популација со најчестите прашања за сексот, па во продолжение прочитајте што одговориле.

Како однапред можат да препознаат дали жената е добра во кревет? 

„Ако сака да флертува, знам од прилика што да очекувам.“

„Жената која знае што сака дури и кога станува збор за мали работи, како тоа што и каде ќе вечераме, најверојатно знае што сака и во сексот. Ист е случајот кога жените се отворени, јасни, директни и не се срамежливи.“

Дали бакнежот е добар показател? 

„Начинот на кој се бакнува може да ми каже многу за тоа каква е девојката во кревет. Ако е сензуална и страствена, сигурно ќе биде таква и за време на сексот“.

„Во повеќето случаи, девојката која добро се бакнува има одредени вештини кои го поддржуваат тој бакнеж.“

„Искуствата се различни. Се случувало девојката одлично да се бакнува, а во кревет да биде ужасна. Со оние кои лошо се бакнуваат често целата ситуација е крајно непријатна.“

Што зборува жената која е добра во кревет непосредно пред сексот?

„Ништо, не постои работа која може да ја каже или направи што ќе ја направи попривлечна во моите очи. Но, привлечноста и способноста во кревет немаат ама баш ништо едно со друго.“

Само еден храбар маж рекол сосема спротивно од останатите и истакнал дека начинот на кој девојките танцуваат може да биде добар показател за тоа какви се во кревет.