Мажите немаат шанси во расправија со нивните партнерки

Не е секој маж доволно јак за да застане рамо до рамо со паметната жена.

Своето мислење го споделува и Ранија Наим, која објавува текстови на теми како проблемите со кои жените се сретнува во секојдневниот живот. Таа ги наведува причините поради кои мажите не можат да се изборат на крај со паметната жена.

Паметната жена поставува паметни прашања

Паметната жена ќе сака да разбере што се случува во вашиот живот, и зошто се случува тоа што се случува, и ќе поставува прашања на кои можеби нема да имате одговор. Дури и на првиот состанок, таа ќе „бара" длабоко по вашиот живот и ќе ви поставува лични прашања и никогаш нема да ужива во плитките разговори.

Жената е секогаш искрена

Можеби и премногу искрена. Таа сериозно го сфаќа својот идентитет. Што било да ја прашате, ќе ви ја каже вистината, но истото го очекува и од вас.

Жената знае што сака

Таа веднаш знае дали ѝ се допаѓате и не мора да оди на состаноци за да биде сигурна во своите чувства. Нејзиното срце чука за неколку посебни пријатели, кои внимателно ги избрала.

Жената сака сериозна врска

Сака долги разговори, сака да слушне приказни кои се дел од вашето минато, сака да ја разбере вашата болка. Сака реален однос кој оди подалеку од излегување и забавување.

Паметната жена не се плаши од интимност

Таа не се плаши од зближување ниту пак од тоа дека ќе биде повредена доколку премногу се отвори. Не мисли дека со тоа ќе ја жртвува својата слобода или дека ќе стане ранлива. Нејзината длабочина и интима одат заедно и секогаш ќе ја цени интимноста во врската.

Жената ве сака такви какви што сте

Може да види што ве прави ранливи. Таа тоа никогаш нема да го злоупотреби, туку само ќе посака да знаете дека ве разбира.

Паметната жена сака доследност

Ја исфрла од такт превртливото однесување. Сака силна врска, и зборовите мора да ги следат делата и обратно, а тоа е основата на секоја врска. Таква жена не игра никакви игри.

Жените се интензивн

Можеби делува застрашувачки, бидејќи таа внесува страст и енергија во сè што прави. Нејзините емоции се интензивни. Никогаш нема да биде рамнодушна кон работите кои ѝ се важни.

Жената знае како да сака

Доколку не ја сакате вистински, таа ќе замине. Таа не знае како да биде пријателка со некој кон кој има емоции.

Жената нема да ве чека

Таа е јака и страсна и нема да ги троши своите емоции на некој кој не ја цени нејзината длабочина.