Мажите кои плачат се...

Уште од самото детство, општеството ги обесхрабрува мажите да плачат и тоа навистина е проблем. Последица од ова е што мажите постојано и хронично ги поттиснуваат своите чувства и тоа води кон зголемен број на самоубиства.

Секако дека постојат и други фактори поради кои луѓето си го одземаат својот живот, но поттиснувањето на чувствата е една од главните причини за носење на таква драстична одлука.

Да размислиме за тоа на следниот начин:

Што е она што ја предизвикува најголемата болка? Собирањето и складирањето на негативните чувства. Затоа мажите често имаат помалку ресурси за соочување со болката за разлика од жените. Емотивноста како карактеристика е многу помалку прифатлива кај машките. Кога мажите само би знаеле колку е прекрасно и исцелувачки човек да се исплаче...

За да ги покажете своите чувства морате да бидете храбри и силни

Сум чула како мажи се фалат како не плачеле со години, како емотивната поттиснатост да е нешто си кое треба да се фалат. Да го свртиш грбот на твојата болка не е нешто премногу тешко, а потребна е вистинска храброст да ѝ се препуштиш на болката и да им дозволиш на чувствата да излезат на површина. На краток рок, лесно е човек да се преправа дека не му е ништо, да се измамува и залажува себеси со работа, храна, секс и други компулсивни начини за одвлекување на вниманието. Многу потешко е директно да се соочиме со проблемите. Постојат одредени хормони на стресот кои може да се излачат само со плачење и потење. Да, вие секако може да облечете опрема за тренирање, но можете да сопрете за миг и убаво да се исплачете.

Магичниот штит на непобедливоста

Има една прекрасна поука од книгата „Патот на аџијата“ од Џон Банјан. Во таа книга, главниот лик поседува магичен штит. Тој штит го прави невидлив сѐ додека оди директно кон своите противници. Ако им сврти грб, штитот ја губи својата моќ и тој станува ранлив во истиот момент.

Поука: Соочете се директно со своите стравови. Ако се соочите со предизвиците гледајќи ги директно во лице, ќе преживеете и ќе бидете посилни. Ако само половично ги нападнете животните предизвиците, ќе останете без сила. Препуштете им се на вашите чувства...

Дозволено ви е да плачете. Дозволено ви е да се ослободите од старата болка. Дозволено ви е да пројдете низ оган за да излезете посилни од тие огнени пламени.

Вие не сте робот. Вие сте човек од крв и месо, природно е имате чувства. И што побрзо го прифатите фактот дека вашите чувства се прифатливи, неопходни и прекрасни, побрзо ќе привлечете луѓе кои ве прифаќаат и вас и вашите чувства.

Знам дека не е лесно да се надминат децениите потрошени во стекнување погрешни навики и поттиснување чувства, но вие сте му потребни на светот со целосно искажани емотивни ставови. Носете ги своите солзи со гордост, како орден на честа кој сте го заслужиле.