Маж во фаза на распаѓање пронајдено во стан во Скопје

Б.М. вчера околу пладне пријавил дека во Скопје на ул.„Кочанска“, во собата под него каде живеел како потстанар, почувствувал непријатна миризба, и кога се симнал долу, преку прозорот забележал дека Н.Т. (70) (кој исто така живеел како потстанар), бил починат.

Од полицијата информираат дека од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Телото кое било во фаза на распаѓање по наредба на Јавен обвинител било дадено за обдукција.