Маж повреден во нога од воздушна пушка

И.И.(33) од село Кадино вчера попладне со повреда во ногата, бил донесен во амбулантата во Петровец по што истиот е препратен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Од извршениот разговор е дознаено дека Р.Б. со воздушна пушка му нанел повреда во пределот на левата надколеница.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.